Таг: грчка криза

Како Голдман Сакс ја научи Грција да го маскира долгот

Целата стратегија е да се најде начин да се заобиколат правилата за ограничување на дефицит од Мастришкиот договор, а дојавата од Голдман Сакс до Грците е дека цаката е договор за финансиски деривати, кој ќе им дозволи да соберат дополнителен кредит што ЕУ не може да го забележи.

За грчките работи

Ноќеска на Грција и истече рокот за плаќање на рата од долгот кон кредиторите со што земјата и официјално влезе во долго најавуваниот банкрот. Без разлика колку тоа изгледа траорно, ова е некаде 6-ти пат во поновата историја Грција да банкротира.

Грчкиот референдум повеќе е измама отколку демократија

Грчкиот парламент одобри референдум на кој треба да се утврди дали да се прифатат последните услови за пакетот за спас предложени од кредиторите на земјата. Ова е премногу доцна и го поставува погрешното прашање.

Ред се редат грчките штедачи

Откако Ципрас одлучи да не ги прекршува сам ветувањата што ги даде на изборите, туку да сподели одговорност со народот и предлог пакетот за спас да го стави на референдум, истиот тој народ почна да се реди пред банкоматите низ Грција, уште од 2 часот наутро.

Лекции по танго за Грција

Заканата од грчки банкрот и излез од Еврозоната постојано доведува споредба со рекордната криза на Аргентина во 2002-ра, по која следуваше крајот на поврзаноста на пезосот со американскиот долар. Постојат многу паралели, ама и исто толку разлики. Како и да е, има една точка која е најважна за преговорите меѓу Атина и кредиторите: одржливост на долгот.

Грција ги обвинува сите освен себе си за економските проблеми

Текстот за Гардијан е на Хари Теохарис, поранешниот директор на грчката служба за собирање даноци а.к.а. грчкото УЈП.

Почнаа црните рекорди за грчките банки

Додека Европа и Грција да се договорат каков ќе биде спасот на земјата, Грците во просек повлекуваат од 200 до 250 милиони евра на ден од локалните банки.

Ако сакаат сиромаштија, ете им сиромаштија

Јасно е дека граѓаните немаат желба за модернизирање на општеството, пишува за Фајненшл Тајмс во колумната за Грција професорот по економија од Бокони Универзитетот во Милано, Франческо Џиаваци.

Зошто Грција (пак) е во проблеми

Грција наводно неколку пати беше на самиот раб, давајќи му одреден 'Денот на мрморецот' призвук на целата сага. Кога во февруари беше продолжен рокот за спас малкумина веруваа дека земјата ќе преживее до јуни без договор. Земјата нема добиено никакво надворешно финансирањето од август 2014-та.

Адвокатот на Гркот

Германците имаат многу што да забележат на видеово (инаку Германско, на ЗДФ, за грчкото барање за репарации од Втората светска војна), ние имаме далеку повеќе што да забележиме кога Грци зборуваат за жртвата на деца протерани од својот дом. Ама и првото и второто не го олеснуваат страдањето што третите го минале.

Големата игра на Варуфакис

Теоретичарите на игра знаат дека планот А никогаш не е доволен. Мора да се развие и промовира и кредибилен план Б - кој вклучува закана која ќе ги турка напред преговорите околу планот А. Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, ова одлично го знае.

Приказната за Грција во дваесетина точки

Раскажувачот на приказната е Грк кој живее во Америка, и кој заради неговото потекло често пати е прашуван што мисли за целата криза. Почнува вака: "Грчката криза на многу начини е едноставна приказна; предвидлив резултат на политики и културолошки особености."

Нацрт за грчкото заздравување

Месеците преговори меѓу нашата влада и ММФ, ЕУ и ЕЦБ донесоа многу малку напредок. Една од причините е што сите страни се премногу фокусирани на обврските кои треба да бидат поврзани со следната инекција за ликвидност а не доволно со визијата за тоа како Грција може да заздрави и да развие одржливост. Ако сакаме да го надминеме сегашниот ќорсокак, мора да предвидиме здрава грчка економија.

Ципрас во земјата на чудата

На човек може само да му биде жал за Грција. За повеќе од 5 години, тројката (ЕК, ЕЦБ, ММФ) ја претвори земјата во предмет на неуспешен експеримент со штедење кој само ја влоши економската криза. И сега владата на премиерот Алексис Ципрас изгледа како да е настроена да ја турне Грција во амбисот.

Мојата дебела грчка армија

Една од работите која не се споменува кога се збори за кризата во Грција е воената потрошувачка на земјата. Во пропорции со остатокот од ЕУ, Грција ја има најскапата армија во Унијата.

Грчката ситуација во неколку твитови

Дали може и зошто не може Грција да ја напушти Европската монетарна Унија, што се случуваше изминатиов период во Грција и што ќе се случува во скора иднина, според твитовите на човек што малку подлабоко ја следи ситуацијата.

Грција се пресрами

Грчкиот парламентарен комитет пресмета дека германската окупација на Грција за време на Втората светска војна ги чинела 279 милијарди евра, и бараат наследниците на Третиот Рајх да им ги вратат парите.

Деескалација на европската политика на огорченост

Германски телевизиски водител неодамна објави монтирано видео од мене, пред да бидам министер за финансии на Грција, како и го покажувам средниот прст на неговата држава. Реакцијата го покажа потенцијалниот импакт што би го имал наводниот гест, посебно во проблематичниве времиња. Збрката предизвикана од емитувањето не би се случила пред финансиската криза во 2008-ма, која ги покажа пропустите во европската монетарна унија и ги сврте гордите држави една против друга.

Потеклото на грчките проблеми

Во дузина јасни слајдови, Бизнис инсајдер го покажува она што овде за Грција се знаеше отсекогаш, дека сите нејзини денешни проблеми можат да се лоцираат уште во 70-тите години на минатиот век.

Посмртните денови на големиот европски експеримент

Европската Унија беше изградена врз руините на многу лоша историја, а со цел да изгради демократија и да го одржи мирот меѓу соседите. Меѓутоа нешто се изгуби и самата Унија сега е во смртна опасност.

Модерна Грција и 185 години странска помош

Во ниту еден момент од формирањето на грчката држава во 1830-та таа не била оставена сама на себе, и постојано добива поддршка од надвор, "што во земјата создава лажно чувство на просперитет и ги спречува Грците да се соочат со нивната сегашна ситуација."

Грчкиот погреб на германското штедење

Не така одамна, германските политичари и новинари уверено објавија дека евро кризата е готова; Германија и ЕУ, по нивно верување, ја преживеаа бурата. Денес, знаеме дека ова е само уште една грешка во постојната криза, која беше преполна со нив. Последната грешка, како и најголемиот дел од претходните, произлезе од нашата надеж - и тоа повторно, дека Грција излегла од транс.

Грција на изволте

Грција објави дека ќе започне со продажба на сите луксузи без кои може да преживее, а бидејќи се во криза излезе дека без многу работи можат да преживеат.

Грција топтан ќе се продава

Во последните 3 години Грција собра нешто помалку од 1 милијарда евра од приватизација. Сега има фора до 2015-та да собере 15 милијарди евра.