Таг: formula 1

Фетел против Ред Бул до првиот триумф

Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката во Малезија, а зад него се пласираше неговиот тимски колега Марк Вебер. На третото место финишираше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.

Раиконен најбрз на отворањето на сезоната

Новата сезона во Формула 1 шампионатот започна со триумф на Кими Раиконен кој ја однесе победата на патеката Алберт Парк во Австралија пред Алонсо и Фетел.

Фетел повторно фаворит за титулата во Формула 1

Со трката во Австралија овој викенд започнува 64-та сезона во Формула 1 шампионатот. Исто како и изминатите 3 години, и оваа сезона главен фаворит за титулата е Германецот од Ред Бул, Себастијан Фетел.

Пилотите на Ф1 очекуваат повеќе запирања во боксот

Брзото трошење на новите гуми на „Пирели" кои ќе се користат во новата сезона во Ф1 ќе придонесе за повеќе запирања во боксот, а тоа треба да значи и поголема возбуда на трките, сметаат дел од водечките пилоти.

Хамилтон збунет од многуте копчиња на воланот

Светскиот првак во Формула 1 шампионатот од 2008-та година, Луис Хамилтон им се пожали на техничарите на Мерцедес дека новиот волан има премногу копчиња и по негово барање исфрлија 4 непотребни.

Новиот волан на Раиконен

Инспирирани од својот возач кој важи за најзабавен во Ф1 шампионатот, тимот на Лотус му направи нов волан на Кими Раиконен на кој наместо вообичаените команди има копчиња за сладолед, банана, Твитер, телефонски повик до мајка му...

Инцидентите на Грожан

Роман Грожан се има прославено со бројните судари за време на трките во Формула 1 и ГП2 серијата, па си доби и видео компилација со сите негови најжестоки инциденти.

Формула 1 сезоната низ бројки

По 20 извозени трки, Себастијан Фетел освои 281 поен и со 25 години и 152 денови стана најмладиот трикратен шампион на 63-то издание на Формула 1 шампионатот, а ова се дел од бројките кои ја одбележаа сезоната.

Ферари вреди три пати повеќе од Ред Бул

И покрај тоа што за последните три сезони на рангирањето за конструктори на првото место заврши Ред Бул, а вредноста на нивниот тим од 2010-та е порасната за 67%, сепак тие се само трет највреден тим во Формула 1. Далеку пред нив сè уште се Ферари и Мекларен.

Шампионската сезона на Фетел

Себастијан Фетел се запиша во историјата на Формула 1 како најмлад трикратен шампион. БиБиСи направи ретроспектива на неговата сезона со ова одлично видео.

Фетел стана најмладиот трикратен првак во Формула 1

Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо ја водеа битката за титулата во Формула 1 шампионатот, но Германецот по последните 71 круг на трката во Бразил заврши на шестата позиција што беше доволно за освојување на третата титула во серија.

Калкулации за шампионската титула во Ф1

Викендов во Бразил се вози последната трка од програмата на Формула 1 шампионатот и трка на која ќе биде решена сезоната. Кои се математиките и како Фернандо Алонсо или Себастијан Фетел можат да стигнат до шампионската титула?

Формула 1 не сака математички неписмени

На челниците на Вилијамс Ф1 тимот им здосадило да се малтретираат со апликациите за работа на неписмени студенти, па решиле да воведат едноставен тест. Дури и тој тест со 15 лесни математички прашања не го решаваат ни 3% од апликантите.

Триумф на Фетел во Индија

Себастијан Фетел атакува кон нова титула во Формула 1 шампионатот откако денес ја потврди својата доминација и во Индија и ја забележа четвртата победа во серија.

Триумф на Фетел за водство во генералниот пласман

Актуелниот шампион на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел победи на трката во Кореја и го презеде врвот од Фернандо Алонсо кој денес заврши на третата позиција.

Фетел најбрз во Јапонија

Актуелниот шампион на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука. На второто место заврши Фелипе Маса, а на пиедесталот се искачи и домашниот возач, Камуи Кобајаши.

Шумахер се повлекува по крајот на сезоната

Михаел Шумахер по втор пат ќе ја заврши кариерата. Легендата на Формула 1 најави повлекување од натпреварувањето по крајот на сезоната.

Триумф на Фетел во Сингапур

Актуелниот првак на Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел од тимот на Ред Бул триумфираше на ноќната трка во Сингапур.

Жртвите на Грожан на подиумот

Тројцата возачи кои минатата недела настрадаа при сударот со Роман Грожан на почетокот на трката во Белгија, се искачија на подиумот на трката за Големата награда на Италија.

Параолимписко злато за поранешен Ф1 возач

Пред 11 години поранешниот возач во Формула 1, Алекс Ѕанарди ја измами смртта кога во страшна несреќа ги загуби нозете, а од вчера тој повторно е спортски херој откако стана параолимписки шампион.

Хаос на стартот во Белгија

Формула 1 трката во Спа беше одбележана со победата на Џенсон Батон од Мекларен, но и големиот инцидент на стартот по кој настрадаа Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.

Инцидентот помеѓу Малдонадо и Хамилтон

Фернандо Алонсо ја освои Големата награда на Европа победувајќи на осмото гран-при оваа сезона, а трката освен неговата победа беше одбележана и со сударот помеѓу Пастор Малдонадо и Луис Хамилтон.

Ф1 трка ќе се вози на Олимпискиот стадион во Лондон

Организаторите на Олимписките игри во Лондон веќе прават планови за употребата на нивните градби по завршувањето на игрите, а една од опциите за Олимпискиот стадион е и одржување на Формула 1 трка.