Ф1 трка ќе се вози на Олимпискиот стадион во Лондон

Организаторите на Олимписките игри во Лондон веќе прават планови за употребата на нивните градби по завршувањето на игрите, а една од опциите за Олимпискиот стадион е и одржување на Формула 1 трка.

Формула 1 трка во иднина би можела да се вози низ Олимпискиот парк околу стадионот, но и по атлетската патека на самиот стадион. Трката е дел од плановите на британската компанија која е кандидат за стопанусивање со стадионот по завршувањето на Олимписките игри.

Оваа информација за британските медиуми ја потврди и првиот човек на Формула 1:

Тие имаат идеја за Формула 1 трка која би се возела околу стадионот, но и на самиот стадион. Сакаа да разговараме за да видат дали би бил заинтересиран за ваква трка. Секако дека сум заинтересиран за трка во Лондон", изјави Берни Еклстон.

22 јуни 2012 - 12:02