22 возачи од 11 тимови ќе ја започнат новата сезона во која преку 19 трки ќе се обидат да стигнат до 64-та титула во Формула 1 шампионатот. Возбудувањата ќе започнат со трката во Австралија, а завршуваат во Бразил на 24 ноември.
Минатата сезона Ред Бул ја обезбеди третата титула во серија кај конструкторите, а на последната трка во сезоната, својата трета титула ја освои и Себастијан Фетел.
И оваа сезона Германецот ќе тргне во одбрана на титулата како најголем фаворит за уште еден триумф. Со аналитичарите се согласуваат и кладилниците кои за титулата на Фетел нудат коефициент 2,2.
Единствен кој би можел да му ја загрози титулата е Фернандо Алонсо. Шпанецот минатата сезона немаше баш најдобар болид но сепак успеа да заостане само 3 поени зад титулата, а оваа сезона тој тврди дека Ферари е 200 пати подобар од минатата година. Коефициентот за неговиот триумф е 4.
Зад нив следат Луис Хамилтон со коефициент 9, Џенсон Батон и Кими Раиконен со 11, Марк Вебер со 19, Перез 23, Розберг 41, Маса 51...