Луис Хамилтон на 23-годишна возраст во 2008-та година со болидот на Мекларен ја освои титулата и стана најмлад шампион во Формула 1. Тогаш тој изјавуваше дека никогаш нема да го напушти тимот, но од оваа сезона тој премина во Мерцедес.
Во новата средина тој се соочи и со неколку други промени, но најголем проблем му претставува промената на воланот.
По негово барање, инжинерите отстраниле 4 копчиња и сега воланот има 27, но повторно тоа за него се премногу копчиња.
„Воланот изгледа како да има двојно повеќе копчиња од минатата година. Инжинерите секогаш сакаат да усложнуваат, но јас сакам се да е едноставно", изјави Хамилтон.
Тој сакал подобро да го научи новиот волан и понесол дома еден од воланите за време на зимскиот одмор, но дури и тоа не помогнало. Некои од копчињата немале никаква реална функција.