Себастијан Фетел стартуваше од третата позиција, но на крајот ги искористи проблемите на Луис Хамилтон и 14-та трка од годинешниот шампионат ја заврши на првата позиција.
Возачот на Мекларен, Луис Хамилтон тргна од пол позицијата и доминираше се до 23-от круг кога мораше да се откаже заради проблеми со болидот.
Тогаш лидерската позиција ја презеде возачот на Ред Бул и ја задржа до крајот. На втората позиција заврши Џенсон Батон, а трет беше Фернандо Алонсо.
Алонсо и натаму е во водство во генералниот пласман со 194 бодови, пред Фетел со 165 и Раиконен со 149 бодови.
Следната трка се вози во Јапонија на 7 октомври.