Навивачите на Црвена звезда синоќа изведоа уште една неверојатна кореографија. По првата судиска свирка за почеток на мечот Делиите на својот север кренаа кореографија „Гладијатор“. Од едната страна беше грбот на нивниот клуб а од другата грбот на Спартак Москва со чии навивачи се во блиски односи.
Фудбалерите на Вардар вечерва од 21:05 се простуваат со Лига Европа, натпреварувањето во кое на пролет ќе се приклучат неколку гиганти кои испаднаа од Лигата на шампионите.
Манчестер со пресврт во една минута ја совлада ЦСКА Москва, понатаму одат и Базел, Рома и Јувентус. Стефан Ристовски одигра 45 минути против Барселона и на полувреме излезе од игра. Во ЛЕ: Спортинг Лисабон, ЦСКА, Атлетико и Селтик.
Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.
За најхрабри навивачи на колото дефинитивно ги прогласуваме оние на ЦСКА Москва. Наместо дома на топло да се соберат и да гледаат фудбал, тие решија да ја препатуваат цела земја за да го бодрат својот омилен клуб. А нивната земја, знаете не е мала.
Од 1. ноември 2006 до 25. јули 2017. Толку време (речиси 11 години) траеше серијата на примени голови во Лига на шампиони на голманот на ЦСКА и Русија.
По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?
Компанијата Betcity со седиште во Ростов на Дон, во сопственост на газдата на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко потпиша спонзорски договор со армејскиот клуб од Москва.
Не знаеме кој е или кои се, но заслужуваат почит за тоа што македонското знаме веќе неколку средби стои на ударно место во модерната сала “Мегаспорт“ каде игра гигантот ЦСКА Москва.
Откако не успеа да се пласира во 1/8 финалето од ЛШ, во случај да се пласира во групната фаза од ЛЕ, Тотенхем ќе бара дозвола од УЕФА да се врати во својот дом кој го напуштија поради реконструкција и се преселија на Вембли.
Вечерва во Дортмунд се сруши неверојатниот рекорд по постигнати голови на меч од ЛШ. Борусија и Легија одиграа 8:4 и ја надминаа голеадата од мечот Монако - Депортиво во 2003-та.
Најдобриот руски голман од 2003. година е незаменлив на голот на ЦСКА Москва и руската репрезентација, но тој има сериозен проблем што цели 10 години ниту еднаш не ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите и примал гол на 40 средби по ред.
На критиките Буфон вечерва врати со одбранет пенал и неколку чудесни интервенции. Лестер игра подобро во Европа отколку во Премиер и веќе освои 9 бода без примен гол. Дортумд триумфално се прошета во Лисабон.
Фудбалерите на ЦСКА Москва во последното коло ја освоија титулата во Русија, откако со голот на Алан Џагоев победија на гости против Рубин Казан. Во исто време славеше и Ростов 0:2 против Терек, така што на ЦСКА и одговараше само победа. Во последните минути ги спаси легендарниот голман Игор Акинфеев кој одбрани неодбранливо. Динамо Москва првпат во историјата испадна од првата лига после поразот од Зенит 0:3.
Еден од водечките руски магнати упати отворено писмо до кошаркарот на Фенербахче, Никола Калиниќ во кое му се извинува за преемотивниот екцес на финалето во Берлин.
Новиот шампион на Европа, ЦСКА Москва конечно после неколку обиди стигна до седмиот трофеј на завршниот турнир. Од таа причина Евролига издвои осум помалку познати податоци за Московјаните.
Последните 2 ипол минути од финалето на Евролигата во Берлин донесоа неверојатна драматична завршница. Тренерите на двете екипи кои се и кумови, Жељко Обрадовиќ и Димитри Итудис едвај го издржаа финишот, а претседателот на Московјаните, Ватутин немаше крв во него.
По двете европски титули со Олимпијакос, Перо Антиќ го загуби третото финале. После големата драма во Берлин, ЦСКА Москва во продолженија го совлада Фенербахче кој претходно се врати од 21 поен негатива.
Во една сезона едвај ја фаќаш сламката за спасот и изгледа дека сè се распаѓа, а следната сезона со крајно скромен буџет водиш борба за титулата. Не е само Лестер во сценариото за најубавиот фудбалски филм сезонава.
Египетскиот клуб Замалек го избркал главниот тренер Мидо после првиот пораз, само 37 дена откако потпишал договор со овој тим. Египќанецот не е ниту прв, ниту последен што неколку дена бил тренер.