Ќе ве бодриме и на -22, на 8.000 километри од дома па ако треба и голи

За најхрабри навивачи на колото дефинитивно ги прогласуваме оние на ЦСКА Москва. Наместо дома на топло да се соберат и да гледаат фудбал, тие решија да ја препатуваат цела земја за да го бодрат својот омилен клуб. А нивната земја, знаете не е мала.

Фудбалерите на ЦСКА Москва викендов го имаа најдалечното гостување во првата руска лига, какво што веројатно не искусил ниту еден друг клуб во светот. Тие ја прелетаа цела Русија за да стигнат до Хабаровск, град во близина на пацификот, кој се наоѓа на само 30 километри до кинеската граница.
 
ЦСКА го одигра мечот во саботата, а на другиот крај на земјата патуваше еден ден претходно. За таа дестинација потребна за натпревар од домашното првенство, не е фасцинантен само долгиот лет од 7,5 часа, туку и тоа што овие два града се во различна временска зона од 7 часа.

Но фудбалерите ниту го жалиме, ниту ги фалиме бидејќи тоа им е работа и за тоа се платени. Вистински јунаци се нивните навивачи кои треба да земат неколку дена одмор на работа за да ги бодрат на крајот на светот.
 
Без разлика на големиот залак, тие не гo оставија својот тим без поддршка и отпавуаа за Хабаровск.
Се сликаа со играчите на ЦСКА.

А веројатно се напиле и доволно вотка.

И покрај ниските температури, на мечот паднаа 6 погодоци и ЦСКА ја оправда фаворитската улога славејќи со 2:4. Тие се наоѓаа на третата позиција, а Хабаровск кој сезонава за прв пат игра во прва лига, е на дното на табелата.
 
Овој студен и далечен град НЕ е меѓу домаќините на Мундијалот 2018.
21 ноември 2017 - 12:16