За најхрабри навивачи на колото дефинитивно ги прогласуваме оние на ЦСКА Москва. Наместо дома на топло да се соберат и да гледаат фудбал, тие решија да ја препатуваат цела земја за да го бодрат својот омилен клуб. А нивната земја, знаете не е мала.
Откако заврши сезоната во руската лига и се одредија патниците во евро-куповите, прволигашите од оваа земја дознаа дека следната сезона ќе мора да гостуваат на крајниот исток близу Кина.