Колку и да го величаме дека е јак во среден ред, сепак мора да признаеме дека Раџа Наинголан знае да биде “копач“ со тоа стартовите без осет, а потврда за тоа е оваа приказна која за среќа, па и за чудо не заврши со тажен крај.
Ако некој може да им парира на Грците и Србите во навивање во сала, тоа сигурно се навивачите на Болоња Фортитудо кои прават спектакл за очи, уши и душа. Навивачката група им се вика Fossa Dei Leoni со традиција од 1970-та.
На дуелот во Серија А меѓу Болоња и Фиорентина, гостите поведоа преку Вертут во 41’ минута директно од корнер. Болоња возврати само една минута подоцна преку Пулгар исто од корнер.
Речиси да нема коло во Серија А каде сите 20 екипи можат да бидат раат што се однесува до судењето. Понеделничките изданија на весниците стандардно се полнат со бројот на спорни и скандалозни судиски одлуки кои само продолжуваат и не се намалуваат.
Како што поминуваат годините, вредноста на ретро дресовите од италијанските тимови е сè поголема како и носталгијата за ’90-те години кои ја прославија Серија А.
Замислата на Итали (во оригинал Eataly, игра со зборот Italy) е тоа да биде дел забавен парк, дел учење преку забава, дел манџа. Локацијата на паркот е Болоња, а отворањето е во септември 2017.
Кога се зборува за одбраната на Милан од 90-те, се знае на кој се мисли. Малдини, Барези, Костакурта и Донадони. Точка. Сè друго е материјал од клупа. Денешниот датум буди спомени, токму на еден таков заборавен лик со чудни патишта на кариерата.
Колумбискиот стопер Џејсон Муриљо вечерва против Болоња во Купот на Италија го постигна најубавиот гол на сезоната. ФИФА веќе може да му ја додели наградата „Пушкаш“ за оваа сезона.
Македонскиот репрезентативен шпиц продолжува да ги решета мрежите во Серија А и да ги импресионира скаутите на поголемите клубови кои го следат. Попладнево Нестогол го матираше голманот на Болоња за водство на Палермо на гости 0:1. Последниот гол на Несторовски беше седми за него сезонава во Серија А.
Навивачите на Верона може да жалат што нивниот клуб испадна од Серија А сезонава и тоа како убедливо последен на табелата. Единствена забава Веронезите најдоа на гостувањето во Болоња. Додека спикерот ги читаше домашните играчи по број, тие од гостинскиот сектор наместо вообичаено да свират, урлаа Scimmia! или во превод Мајмуне!
Болоња има еден урбан модел на соработка меѓу граѓаните и локалните власти кој полека ги освојува и другите италијански градови. Кај нас ќе дојде или никогаш или пак онака како што дојде болоњскиот процес во образованието: доцна и карикирано.
Адем Љајиќ беше еден од најзаслужните за триумфот на Интер против Болоња, екипа која поради новиот пораз реши да го смени Делио Роси, тренерот што пред неколку години го истепа Србинот на сред натпревар.
Во баражот за пласман во Серија А, фудбалерите на Болоња ремизираа со Пескара 1-1 и благодарение на подобриот пласман на табелата се вратија во најдобрата италијанска лига по само една година.
Фудбалерите на Милан долго се мачеа да ја совладаат одбраната на Болоња и беа на прагот на уште еден неуспех, но Марио Балотели реши да ја преземе работата во свои раце.
Екипата на Болоња имаше очаен старт на сезоната и по осум одиграни натпревари беше закована на дното на табелата во Серија А. Но нивните навивачи покажаа што е верност и како треба да се бодри својот клуб, па илјада од нив ги поздравија на тренингот на ден пред неделниот натпревар со Ливорно.
Во Болоња вегетаријанец би се убил, а жените кои вечно пазат на секој залак во традиционалните ресторани би се туфкале од грижа на совест. За гурманите е орален рај.
Милан ја забележа првата победа во второто коло од новата сезона благодарение на трите погодоци на новото засилување Џампаоло Пацини на гостувањето кај Болоња.
На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.