Топол поздрав од Гранде Синиша до легендите на Реал и Болоња и цел стадион

Големиот фајтер кој во бори со леукемија, а со мислите е како Болоња да победува, синоќа се обрати на видео бим на стадионот Ренато дал Ара, каде неговиот клуб организираше голема фешта.

Болоња слави 110 од своето постоење и по тој повод организираше ревијален натпревар со легендите на Реал Мадрид.

Кај домаќинот се појавија славните Роберто Баџо, Џузепе Сињори, Џанлука Паљука, Марко Ди Вајо, Андерсон, Локатели...Реал дојде со Роберто Карлос, Кларенс Сидорф, Кристијан Карембе, Педро Мунитис, Павон...

Михајловиќ го заврши и вториот циклус на хемотерапија, но пуштањето од болница го искористи за да се види со семејството. Но колку да е на маки, паметот не му бега од својот клуб, играчите и навивачите.

Им испрати убава порака која беше пуштена пред стартот на мечот.

„Чекајте дечки малку, чекајте, сакам и јас да ве поздравам. Жал ми е што не сум со вас. Вчера излегов од болница и имав голема желба да одам дома да си го видам семејството, затоа верувам дека ќе ми простите. Сакам да ви се заблагодарам на сите вас навивачи на Болоња и раководството, за сè она што правите за мене, што сте постојано блиску до мене и што ми давате многу сила. Сето ова во овој тежок момент за мене, против оваа болест која сум сигурен дека ќе ја победам и ќе ја победам благодарение на вас и на моите дома.

Сакам да ги поздравам и момците од Реал Мадрид, бидејќи дојдоа за нашата прослава на 110 годишнината на Болоња што треба да биде гордост за сите Болоњези и за градот. Посебен поздрав до моите браќа Кристијан Карембе и Кларенс Сидорф. Не сакам повеќе да ви одземам од времето. Сега земете да играте и би сакал да му кажам два збора на Марко дека треба да покажете дека вредите, а не да ја оплескате. Треба да победиме како и секогаш. Честитки момци, честитки на цела Болоња. Ве сакам“.

Головите

Синиша на 7:24

 
10 октомври 2019 - 09:34