Таг: барселона

Мајсторијата на Меси од повеќе агли

Кога Меси се мести да шутира слободен удар, на „Камп Ноу“ веднаш се палат камерите на телефоните. Еве како изгледаше тоа вчера на мечот против Алмерија кој го добија Каталонците со 4:1.

Во Барселона се зема најдобра просечна плата

Иако Реал Мадрид минатата година го направи Роналдо најплатен фудбалер на светот, а пред неколку дена приматот го зазема Руни, Каталонците ги исплаќаат највисоките плати.

Червар: Барселона е фаворит број 1 во ЛШ

Неприкосновениот каталонски гигант е последниот гостин во „Борис Трајковски" во групната фаза од ракометната Лига на шампиони кој му гостува на тимот од Автокоманда. Заедно со Веспрем се единствените две екипи кои не знаат за пораз оваа сезона.

Разликата помеѓу Сити и Барселона

Нема подобар старт од вечерашниот во осминафиналните пресметки од Лигата на шампионите со кои малку ќе ги разбиеме снежните лудории во Сочи. Судир на два големи гиганти. Споредба во трофеи: 87:15.

Мега пресметка на стадионот „Итихад“

Фудбалскиот празник во елиминационата фаза од Лигата на шампионите може да започне. Фудбалерите на Манчестер Сити за противник во деби осминафиналниот меч ја добија Барселона, додека Баер Леверкузен ќе се соочи со силниот ПСЖ.

„Сантијано Бернабеу“ пред 40 години

Победата во едно дерби е најслатка, а уште повеќе кога е изразена со повеќе голови. На денешен ден пред точно четири децении висок и болен пораз му се случи на „Кралскиот тим“ во „Ел Класико“ и тоа пред своите навивачи.

Десет-годишната доминација на Барселона

За тики-така играта на Каталонците злобниците знаат да кажат дека била досадна за око. Но таа игра им донесе историски подвизи за кои некои големи клубови може само да сонуваат. Овој интересен податок уште еднаш покажува дека Барселона е махер за финалиња.

Само поради детска шега се збогуваше со „Камп Ноу“

Сенегалецот со шпански пасош Кеита Балде, кој викендов дебитираше на римското дерби како најмлад играч со само 18 години, почна да се кали во фудбалската академија во Барселона. Но само поради една глупост направена надвор од терените, клубот реши да го отстрани.

Баксузниот ден за пеналџијата Чави

На Чави Ернандез најверојатно нема веќе да му текне да шутира пенал за Барселона на натпревар од шпанската Примера, а сигурно не на 5-ти јануари.

Рекордни 40 додавања за голот на Тељо

Барселона го растури Селтик со 6:1 на натпревар на кој се истакна Нејмар со хетрик, но и голот на Тељо беше посебен.

Еспањол - помалиот брат на Барселона

Вечерва во Шпанија ќе се одигра градското дерби помеѓу каталонскиот гигант кој секој го знае и невидливиот тим кој секогаш е во сенка на својот поголем брат: Барселона - Еспањол.

Барселона интернационале

Успесите на Барселона се темелат на многу нешта почнувајќи од одлично организираната младинска академија од каде излегуваат многу таленти. Доказ за нивниот квалитет е што во сите категории имаат дури 57 репрезентативци, а еден од нив е се разбира и Давид Бабунски.

Фудбалска ноќ резервирана за дерби мечеви

Каталонците на „Сан Сиро" во Милано, Милионерите на „Емирати" во Лондон, Сините на Мурињо во Гелзеркирхен против Шалке и Пандев со Наполи на „Велодром" против Марсеј. Од убаво поубаво во вечерашното трето коло од Лигата на шампионите.

Иниеста повреди играч со дриблинг

Натпреварот помеѓу Осасуна и Барселона ќе остане запаметен по киксот на Каталонците, но и по еден потег на Андрес Иниеста. Фудбалерот на Барселона го повреди противничкиот фудбалер со неговиот препознатлив дриблинг "la croqueta".

Најатрактивната измама на голман

Да му ја протнеш топката на голманот низ нозе веќе е демодирано. Внимавајте сега добро на овој потег на футсал мајсторот од Барселона Хорди Торас кој не му успеал ниту на Меси. 

Да се наежиш од атмосферата на Селтик Парк

Навивачите на Селтик уште еднаш направија прекрасна кореографија, а атмосферата пред дуелот со Барселона дополнително беше подгреана и со нивната изведба на "You'll never walk alone".

Хаџи е мајстор и на 48 години

Георге Хаџи не старее. Македонскиот Марадона од Карпатите има 48 години, но се уште ги има движењата и потезите како во најдобрите денови. Тоа го демонстрираше на ревијалниот натпревар помеѓу ветераните на Галатасарај и Барселона.

Со помалку „Тики така“ до поголема ефикасност

Иако е многу рано за ваков тип на статистика шпанските медиуми веќе почнаа детално да ја анализираат досегашната работа на Каталонците под водство на Херардо Мартино. До сега таа покажува дека со помалку пимплање на топката фудбалерите на Барселона се поефикасни.

Поштига и Коне во ист стил

Елдер Поштига од Валенсија на натпреварот против Барселона и Панајотис Коне од Болоња на мечот против Сампдорија постигнаа исти голчишта.

Еволуцијата на Пеп Гвардиола

Одвојте половина час за брилијантниот документарец посветен на Пеп Гвардиола кој ја следни неговата кариера во Барселона од младинците, преку првиот тим, па се до водењето на каталонската гордост.

Тактиката на Пеп против Барселона

Одлична видео анализа на филозофијата и тактиката на Гвардиола и формацијата 4-1-4-1 на Баерн Минхен при победата од 2:0 на пријателскиот натпревар против Барселона.

Новиот Меси ја одби Барселона

Поканата да се биде дел од академијата на ФК Барселона, познатата Ла Масиа, е сон за секое фудбалерче, но има и такви кои ги одбиваат Каталонците како што тоа го направи 12-годишното дете за кое се верува дека ќе биде наследник на Меси.

Им ја создаде па им ја растури тики-така играта

Екипата на Барселона доминираше во последните неколку години на европската сцена, освои три шампионски круни во Лигата на шампионите од ерата на Роналдињо па се до денес, а за нивните рекорди се изнапишувавме. Сега работите почнаа полека да се менуваат.