Според едно истражување направено во конкуренција на клубови од најголемите спортски лиги меѓу кои не е застапен само фудбалот, Барселона е најдарежливиот клуб кој во просек ги исплаќа највисоките плати во светот од 6,4 милиони евра годишно.
На второто место е Реал Мадрид, па Манчестер Јунајтед, а четврти и Челси. Во топ 10 табелата се наоѓаат и двете екипи од Милано, како и европскиот првак Баерн Минхен.
Во анализата се вклучени Примера, Премиер лигата, Серија А, Шкотското првенство, канадскиот фудбал, јапонскиот бејзбол како и трите најпопуларни американски спортови НБА, МЛС и НХЛ.