-Ова ќе биде прв дуел помеѓу овие две екипи во ЛШ, како и деби меч за Манчестер Сити во осминафиналето.
-Мануел Пелегрини веќе има искуство на вакви нокаут мечеви. Со тимот на Виљареал тој стигна до четвртфиналната фаза во 2006 и 2009 година, како и со Малага во 2012.
-Неговиот тим го прекина одличниот скор од 18 победи и само две нерешени средби на последните 20 меча на сите натпреварувања. Тоа се случи на 3 февруари кога загуби на домашен терен од Челси со 1:0.
-Два дена претходно одлична серија од 25 меча без пораз пред своја публика расипаа и Каталонците кои беа поразени од Валенсија со 3:2.
-Фудбалерите на Барселона изминатиов викенд го прегазија Рајо Ваљакано со 6:0 со што ја остварија највисоката победа оваа сезона во Примера.
-Ефикасност не изостанува и кај Граѓаните кои на 12 од последните 20 меча постигна по четири голови.
-Барселона сезонава успеала да оствари рекордни 4.125 успешни додавања во Шпанија. Лидер во оваа конкуренција е Чави кој од 650 имал 596 прецизни пасови.
-Изминатиов викенд Лионел Меси со 228 постигнати гола го мина и легендарниот Алфредо Ди Стефано и сега се наоѓа на четвртата позиција на најдобри голгетери во шпанското првенство.
-Прва пресметка на меѓународна сцена и за овие две екипи.
-Германците загубија дури пет од претходните седум средби во првенството и купот.
-ПСЖ нема пораз на последните седум гостувања. Последниот им е оној од Бенфика во последното коло од групната фаза во ЛШ.
-Парижаните имаа извонредна ефикасност на трите досегашни гостувања во ова натпреварување со 10 постигна гола.
-Баер Левекрузен последен пат во четвртфиналето стигна во 2002 година, кога стана и финалист.
-Во фазата во групи тие сезонава загубија со 5:0 на гостувањето на „Олд Трафорд", а тоа им претставува највисок пораз кој го забележале во ова натпреварување.
-Златан Ибрахимовиќ постигна осум голови во групната фаза и со тоа го израмни рекордот со Руд ван Нистелрој (2004/2005) и Филипо Инзаги и Хернан Креспо (2002/2003). Кристијано Роналдо сезонава има постигнато еден гол повеќе.
-Шведскиот напаѓач стана десеттиот фудбалер кој успеал да постигна четири гола на еден натпревар во ЛШ, а тоа се случи на мечот против Андерлехт кој заврши 5.0.