- Дебитираше против Еспањол на 16 октомври 2004 година на 17 години и 114 денови, а првиот професионален договор за Барселона го потпиша во јуни 2005 година.
- Следното лето Барселона го освои трофејот Гампер против тимот на Јувентус, а најпофални зборови за играта Меси доби од Фабио Капело. Каталонците планираа да го дадат на позајмица, но во септември 2005 година ги осигураа неговите услуги и тој остана во тимот под водство на Френк Рајкард.
- Лео стана мета на многу клубови, но во јануари 2007 година следуваше нов договор со Барселона со важност до 2014 година. Каталонскиот тим направи висока клаузула од 150 милиони евра за да бидат сигурни дека никој нема да им го купи.
- Во јуни 2007 година Роналдињо ја напушти Барселона, а новата ѕвезда на клубот стана Меси. Новиот договор му остана со ист временски период, но со зголемување на платата од 8,5 милиони евра годишно.
- По само две години раководните луѓе на Барса направија уште поголема стратегија за да го задржат. Нов договор до 2016 година со енормно голема клаузула од 250 милиони евра. Меси доби плата од 11 милиони евра годишно и стана најплатен играч во својот клуб.
- Во февруари минатата година Меси ја продолжи својата верност на „Камп Ноу“ до 2018 година со нова поголема плата од 16 милиони евра годишно и дополнителни бонуси доколку одигра 65% од натпреварите и Барселона се квалификува во Лига на шампиони.
- Според најновите пишувањата на Марка, Барселона наскоро ќе го направи Меси најплатен играч во светот со годишна плата од 20 милиони евра.