Фудбалерите на Барселона ја победија на свој терен екипата на Елче со 4:0 на натпревар од 18-то коло и со оваа победа Барса се врати на првата позиција на шпанската Примера.
Херој на натпреварот беше Алексис Санчез кој покрај своето име запиша три погодоци, а во листата на стрелци се запиша и Педро Родригез. Победата можеше да биде и поголема, но Чави промаши пенал.
Чави е еден од најдобрите техничари и царува на средината од теренот, но тој не е пеналџија. Во својата кариера до сега во шпанската Примера Чави има изведено само два удари од белата точка. Последниот негов пенал беше против Елче во неделата на 5-ти јануари, а претходниот пат беше пред 11 години на истиот датум, 5-ти јануари 2003-та година против Рекреативо. И двата пенали ги промаши.