За меѓусебните дуели на овие две екипи нема што да се пишува затоа што до сега не се сретнале ниту еднаш на меѓународните натпреварувања. Но за квалитетот на клубовите доволно зборуваат поединците, како и нивниот пласман во нивните домашни првенства.
Најтешката задача за вас типстерите е да се погоди победникот на оваа средба која важи за најголемо дерби во нокаут фазата од ЛШ, а за неизвесноста доволен показател се и коефициентите кои ги имате во супер сингл понудата.
Она што е интересно за издвојување е бекраундот на двата клуба кој се разбира не може да биде показател за фаворитска улога на овој дуел. Каталонците на историскиот приказ подолу се неприкосновени и недостижни за противникот и така ќе биде уште долго време.
Барселона само на домашна сцена има 63 пехари во однос на оние 14 на Манчестер Сити. На европска сцена тоа изнесува 24:1, а единствениот меѓународен успех на Граѓаните е од 1970 година кога го освоија Купот на куповите на победниците.
Каталонците освен во староста водат во сите останати споредби. Имаа стадион кој собира речиси двојно повеќе публика, а попопуларна и на сите социјалните мрежи.
Времето на новиот Манчестер Сити кој од 2008 година е под закрила на Шеикот од Абу Даби, Мансур Бин Зајед допрва доаѓа, а во нивниот прв настап во осминафиналето од ЛШ ја добија една од најтешките пречки за минување.