Нималку не е добро кога се прават шеги на сметка на нечиј надворешен изглед, но честите случаи од Африка со лажирање документација за раѓање (или воопшто немање никакви документи) придонесуваат светската јавност да крои анегдоти за атлетичарите од црниот континент.
Во новата епизода на африкански спортисти со сомнителна возраст (оваа е скроз сомнителна), запознајте го Едвард, тинејџер кој личи дека бил тинејџер во 60-те.
Сезоната во лесна атлетика стартуваше, а речиси никој не го забележи отсуството на легендарниот Усеин Болт. „Највиновен“ за тоа е Американецот Инфинит Такер кој на крајов од мај ќе наполни 20 години.
Филмот Molly’s Game (2017) во кој има интересен дијалог за атлетичарот Џеси Овенс ја инспирираше светската јавност да се потсети на легендарниот Американец кој во многу опасно време станал главен херој на берлинската Олимпијада во 1936 година.
Откако конечно заигра професионален фудбал, најбрзиот спринтер на светот почна да дава и голови, па го привлече вниманието на некои малку од малку посериозни клубови.
Многумина останале забезекнати откако виделе како изгледа натпреварувачка од Етиопија во чиј пасош стои дека е родена во 2001 година и која освои медал на Светското атлетско првенство У-20.
Се вика Љубов Ткач, има 25 години, се натпреварува во десетобој и ја претставуваше Русија на Светското првенство во Пекинг 2015. Омилено хоби и е да ја снимаат од позади.
Претпоставуваме колку од нас неактивните ќе се засрамат кога ќе видат како дедовци и баби кои имаат над 100 години трчаат како во млади денови. Секоја чест и алал вера.
Едно е сигурно, појавата на Усеин Болт ќе фали во светот на спортот. Јамајканецот неславно ја заврши кариерата откако вечерва во финалето на Светското првенство во Лондон 2017 на штафетната трка се повреди и не го заврши натпреварувањето.
Лондон ќе биде домаќин na 16-то Светско првенство во атлетика во периодот од 4-ти до 13-ти август, каде ќе го гледаме последниот спринт на Усеин Болт кој потоа најави пензија. Легендарниот Јамајканец има 11 златни медали од СП и 8 златни медали од ОИ и сè уште е актуелен неговиот рекорд на 100 метри кои на Мундијалот во Берлин ги истрча за 9,58 секунди. Гледајте ја внимателно разликата меѓу него и Тајсон Геј. Еуроспорт подготви одлично аналитично видео за кралот на оваа атрактивна трка.
По Франческо Тоти во фудбалот, Коби Брајант во кошарката, сега уште еден легендарен спортист ќе ги закачи патиките на клин и ќе се збогува од активното трчање.
На Олимписките игри 1972 година во Минхен, американскиот атлетичар Дејв Вотл на трката на 800 метри покажа зошто човек никогаш не треба да се откажува.
Дека и во кралицата на сите спортови има валкани работи покажа Французинката Флориа Гуеи која подло ја турна Дениса Росолова од Чешка за време на трката на 400 метри. На крај првата дисквалификувана, втората во болница.
Деветкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт сериозно почна да зборува околу желбата да стане професионален фудбалер. Почнал да тренира со Борусија Дортмунд а му се игра во Манчестер.
Видеово е многу јако, а демонстрира братство и единство во атлетика. Братов со повеќе снага не само што сакаше да го спаси другиов кој беше пред цркање, туку си ја жртвуваше победата и згора на се го пушти да заврши втор, а тој излезе трет.
Фејиса Лилеса, сребрениот маратонец од Олимписките игри во Рио кој ја мина целта со знакот Х со рацете за да укаже на прогоноството со кое се соочува неговиот народ Оромо, вели дека проблемите се далеку од решени иако целиот свет сега знае што се случува во Етиопија.
Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.
Иронијата на привилегираните атлети со нивните нутриционисти, физиотерапевти и спортски психолози оди до таму што тие покажуваат со прст кон оние кои се непобедливи и измислуваат приказни за нив.
Кога Фејиса Лилеса ја мина целта од машкиот маратон во Рио, ги крена рацете над главата и направи знак Х. Никој од тие кои го гледаа спектакулраниот финиш на Лилеса кој освои сребрен медал не знаеше колку опасен протест гледаат.
Од прашливите патеки во сиромашната Кенија, Самуел Ванџиру стана најмладиот олимписки рекордер во историјата. За жал не можел да се носи со славата и притисокот на златниот медал и брзо се пропил. Животот го завршува трагично а зад себе остави многу прашања без одговор.
Атлетичарките на САД беа дисквалификувани од натпреварувањето на 4х100 метри после неуспешната втора замена, но ИААФ им ја прифати жалбата и ќе трчаат повторно.
Откако освои злато на 100 метри, Хусеин Болт во Рио го очекуваат уште две дисциплини во кои е главен фаворит за златниот медал. Во меѓувреме покажа дека нема баш слух и глас за пеење. Проба со песна од Боб Марли.
На ОИ се стигнува за да во најсилна конкуренција се покаже што се остварило до тогаш во кариерата. Личен рекорд, злато и прв медал се предизвици, но олимпизмот учи да не заборавиме дека сме луѓе.
Буквално од никаде, Вејд ван Никерк кој тргна од осмата патека на финалната трка мажи на 400 метри не само што стигна до златото туку го сруши и светскиот рекорд стар 17 години.