Во пресрет на Игрите Вотл имал тендинитис и ужасни болки во колената така што не тренирал неколку дена. Селекторот на САД се бунел што Вотл во Минхен дошол со сопругата затоа што сметал дека таа ќе го деконцентрира, а организаторите на Олимпијадата му замерувале што трчал со капче кое не е во согласност со спонзорите на настанот. Тргнува и атлетите од Кенија и Русија го оставаат 10 метри позади, но Дејв нема намера да се предаде: