Етиопјанката Гирмавит Гебрзихаир е главна хероина на младинското Светско првенство во атлетика кое се одржува во Тампере (Финска). 16-годишната Гирмавит освои бронза на дистанца од 5.000 метри но неа ја има по насловните страни од друга причина.
На атлетскиот Мундијал за атлетичари и атлетичарки до 20 години, Гирмавит привлекла внимание по својот не баш млад изглед.
На профилот на сајтот на Меѓународната федераија (IAAF) пишува дека оваа атлетичарка од Етиопија е родена на 21 ноември 2001 година а тоа значи дека Гебрзихаир ќе може да настапува меѓу јуниорите уште пар години.
Според правилата, на младинското Светско за проверка на возраста на учесниците одговара IAAF. Изгледот на Гермавит од Етиопија ги збунил не само навивачите туку и спортистите - шпанскиот спринтер Оскар Хусиљос не можел да се воздржи од коментар:
„Нејзините деца и внуци го видоа нејзиниот успех на Светското за атлетичари до 20 години“
Ова не е прв ваков случај во светот на атлетиката каде организаторите неретко низ историјата се двоумеа во врска со пасошите на спринтерите кои доаѓаат од Африка а кои добиваат документи во своите земји и тука IAAF не може ништо.