Таг: атлетика

Новиот светски рекорд на 400 метри

Додека Болт направи хет-трик во златни медали на 100 метри, ноќ за паметење во атлетиката се случи и на 400 метри. Вејд ван Никерк од Јужна Африка победи со време од 43,03 секунди и со тоа му го сруши светскиот рекорд на легендарниот Мајкл Џонсон кој 17 години го држеше приматот со време од 43,18.

Уште една паралела на Олимпијадите од 80 години

Лос Анџелес 1932 и Лондон 2012 овој пат со еволуција на скок преку јарец.

Трката која Дерек ја заврши со татко му

Еден од незаборавните и најемотивните моменти во историјата на Олимписките игри се случи во Барселона 1992. Британскиот спринтер, Дерек Редмонд се пласираше во полуфиналето на 400 метри со најдобро време и важеше за фаворит. Несреќниот момент не го натера да легне на земја.

Австралискиот тркач на кој ќе му недостигаат Русите во Рио

Џаред Талент има презиме кое одлично му стои и освен тоа што по дифолт го добил од татко му, може да го оправда и со неговото CV кое брои три медали од претходните две Летни Олимписки игри. Зезне ли некој работа од тие што се пред него, тој веднаш им “краде“ медалот.

Најбрза жена на светот, а не оди во Рио

Кендра Харисон во петокот постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки, откако ги истрча за неверојатни 12,20 секунди на Милер Годишните Игри во Лондон. Нејзиното време е најбрзо во историјата, а претходниот рекорд со само една стотинка помалку го држеше Бугарката Јорданка Донкова (28).

Степанова ќе си свирка од дома

Не знаеме дали Русите имаат изрека "Покрај сувото гори и сировото", ама на Јулија Степанова таа би и била јасна од прва.

Ризикот да спортуваш со стап

Дисциплина скок со стап, а велат стапот не се кршел...

Ти честитаат за златен медал, а ти појма немаш

Шпанецот Бруно Хартелано завршил втор на трката на 200 метри на Европското атлетско првенство во Амстердам. Првиот го дисквалификувале и информацијата дека е шампион ја добива од новинарка.

Бугарите би рекле еротически спорт

Настаните од спортските борилишта понекогаш свесно или несвесно знаат да ја скокотнат фантазијата на обичниот гледач.

15 години ќелија за Писториус?

Апелациониот суд во Блумфонтеин ја уважил жалбата на јавниот обвинител кој побара преиначување на претходната пресуда и сега Јужно-африканскиот атлетичар би можел да биде осуден на 15 години затвор.

Руски тајни служби прикривале допинг кај атлетичари?

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) бара суспензија за Атлетската руска федерација и забрана за учество на сите меѓународни натпреварувања во наредните две години. За аферата ја обвинува руската влада.

Кениец од публика лажирал второ место на маратон

Џулиус Енџогу е обвинет дека се сокрил меѓу публиката и дури на крајот ја продолжил 42-километарската трка во Наироби каде го освоил второто место за кое добил 7.000 долари. Во финишот го откриле дека воопшто не трчал.

Само овој човек може да го запре Усеин Болт

Откако доминираше на 100 и на 200 метри, Усеин Болт стигна до 10-то злато. Во ситуација кога нема никој кој може со него на патеката се најде еден камерман кој успеа да го совлада.

Болт одново го преслуша Гетлин

Најдобриот спринтер во историјата, Усеин Болт на доминантен начин стигна до титулата светски првак во спринт на 200 метри, откако денес на СП во Пекинг повторно беше побрз од најголемиот конкурент Гетлин. Јамајчанецот истрча 200 метри за 19 секунди и 55 стотинки. Гетлин заврши на второто место со 19;74.

Калински и коментарот за трката на Болт

Легендарниот коментатор на МТВ уште еднаш ја потврди тезата дека тој е доктор за настапите на Усеин Болт, а неговиот колега Душко Кораќ за оние на Јелена Исинбаева.

Како спортот ја победи фармацијата

Светскиот рекордер на 100 метри, Хусеин Болт го освои златниот медал на Светското првенство во Пекинг, а нас нè освои легендарниот Душко Кораќ со коментарот на трката.

На 50 години бил мрзлив, на 99 руши рекорди во атлетика

„Ако немав лична карта, навистина немаше да поверувам дека сум на чекор до еден век живеење, особено кога ќе помислам дека не правам ништо посебно за да бидам ок“, вели поранешниот кројач кој почнал да се бави со спорт на 70 години.

Атлетичарката која колабира по секоја трка

Кајла е посветена и храбра млада спортистка која после секоја трка не може да застане на нозе. Оние кои ја знаат причината за нејзините падови и аплаудираат стоечки.

Катарецот Баршим може да скокне преку Јао Минг

Атлетичарот Мутаз Еса Баршим има 23 години а веќе е на само два сантиметри од историскиот рекорд на Сотомајер, кој во 93. година скокна 2 метри и 45 сантиметри.

Сè уште е за неверување колку Болт е подобар од сите

6 години по експлозијата што ја направи во Пекинг 2008-та, се уште е хипнотизирачки да го гледаш Болт колку многу е подобар од сите останати (кои и сами по себе се одлични спортисти). Последново е од митингот во Варшава, каде истрча 100 метри за 9,98 секунди.

Плукни таму, паричка ќе си најдеш

Рускиот атлетичар, Алексеј Владимирович Дмитрик немаше среќа при скокот во височина на Европското атлетско првенство во Цирих, затоа што му се падна мокра патека.

Девојката што не се откажува

Многу луѓе се откажуваат по првите пречки и падови во животот, но не и Хедер Дорниден.

Офсајд лик на денот: Тауфик Махлуфи

Алжирецот Тауфик Махлуфи не можеше да се воздржи и прерано почна да прославува, па го загуби златниот медал и 10.000 долари на трка од Дијамантската лига за само 4 стотинки.

Завршниот удар на Стембер

Атлетичарот Мајкл Стембер беше препознатлив по својата тактика на трчање, но пред да стане познат, противници се деморализираа и го губеа чекорот, а публиката која не ја знаела неговата тактика му се смеела мислејќи дека не ги пребројал точно круговите и прерано го започнува завршниот спринт. Ова е трката по која светот дозна за средношколецот Стембер.