Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на Атлетската федерација на Русија и со тоа ја потврди суспензијата која се однесува на 68 руски атлетичари кои Олимпијадата во Рио ќе ја гледаат од дома.
Олимписката шампионка Јелена Исинбаева тоа го прокоментира како погреб за атлетиката. Од Олимписките игри во Мексико Сити 1968 година, СССР и Русија се земјите со најголем број на Олимпијци на кои им се одземени медали за допинг скандал. На русите им се одземени 12, на Американците 11, а на Бугарите 7 медали.
Има кој да профитира од тоа. Се вика Џаред Талент на кој ќе му недостигаат руските атлетичари во Рио. Кикснат ли Русите со допинг, тој со широко отворени раце ги чека медалите.
Така беше и минатиот месец кога по 1.446 дена го доби заслужениот златен медал од Лондон 2012 по брзо трчање на 50 километри. Виновен за тоа беше Русинот Сергеј Кирдјапкин на кој поради допинг му го одземаа златото.
По тој повод Талент организираше неофицијално примопредавање на медалот во својот двор.
Not quite Daegu but nevertheless a gold medal ceremony well-deserved for WC11 50kmw @JaredTallent @spikesmag pic.twitter.com/0dlYvhgO9x
— patbirgan (@patbirgan) May 24, 2016
Ова не е прв пат Талент да освои медал или да си го поправи пласманот откако неговите колеги од Русија се фатени дека користат недозволени супстанци:
- Светско првенство во Берлин 2009, трка на 20 км: Од 6-то на 5-то место откако Валериј Борчин падна на допинг тест.
- Светско првенство во Берлин 2009, трка на 50 км: Од 7-мо на 6-то место откако Сергеј Кирдјапкин падна на допинг тест.
- Светско првенство во Тегу 2011, трка на 50 км: Од бронзен на сребрен медал откако Сергеј Бакули е дисквалификуван поради допинг.
- Светски куп во Саранс 2012, трка на 50 км: Од бронзен на златен медал откако Кирдјапник и Ерокин паднаа на допинг тестови.
Тоа не е се. Михаил Рижов кој го освои Светскиот куп пред две години во трката на 50 км и Иван Носков кој заврши втор, во моментов се под истрага за допинг. Ако бидат казнети, се знае каде одат медалите, кај Талент кој заврши трет.
Слично беше и на ланскиот Светски Куп во Москва, каде Рижов заврши втор, а Талент трет. Талент е до толку голем талент, што сигурно ќе дојде до медал во Рио ова лето и без учество на руските атлетичари.