Доминацијата на атлетичарите од Африка веќе долги години е предмет на научни истражувања, а едно такво истражување се фокусира на овој феномен и едно племе од Кенија.
Дејв Вотл, олимпискиот шампион на 800 метри од Минхен 1972, беше познат по своето капче и експлозивност во финишот. Ова е неговата најпозната трка во кариерата и една од најинтересните во историјата на Олимписките игри.
Светската анти-допинг агенција (WADA) соопшти дека на репрезентацијата на Јамајка и се заканува суспензија од сите натпреварувања ако атлетската федерација не ја подобри допинг контролата.
Некои спортисти ќе сторат се за да не паднат на допинг тест. Италијанскиот атлетичар Девис Личарди бил фатен при обид за измама со лажен пенис на допинг тест по трка на 10 километри.
Добрите резултати и големите ѕвезди не беа доволна причина за публиката да дојде во голем број на стадионот Лужники каде се одржува Светското атлетско првенство. Московскиот стадион зјае празен, а организаторите се правдаат со големата горештина.
Во досегашниот тек на Светското атлетско првенство во Москва не беше срушен ниту еден рекорд, а постојат неколку светски рекорди што сигурно нема да бидат срушени на ова првенство, ниту во блиска иднина.
„Дали е до вложениот труд, или до вродената дарба?" - вака обично размислуваме за врвните уметници, во чии биографии најчесто се вели дека од мали покажале талент за областа во која подоцна се прославиле. Поретко истото прашање го поставуваме за врвните спортисти.
Од 10. до 18. август Москва ќе биде домаќин на „најголемото" светско првенство. Започнува 14. Светско првенство во атлетика на кое ќе настапат 1.974 натпреварувачи од 206 земји кои ќе се борат за награден фонд од 7.194.000 долари и 100.000 долари за секој срушен светски рекорд.
Контролорите од Светската анти-допинг агенција упаднаа во кампот на Јамајка од Москва и им земаа примероци крв за анализа на сите членови на репрезентацијата.
На денешен ден пред точно 25 години Американката Флоренс Грифит Џојнер го оствари можеби најспорниот рекорд во историјата на Атлетиката. За многумина тој момент и натаму е контроверзен, но е сепак признат рекорд кој се уште никој не успеал да го сруши.
Црн ден за кралицата на спортовите. Двајца поранешни светски прваци на 100 метри паднаа на допинг тест. Тајсон Геј и Асафа Пауел користеле недозволени средства.
Најбрзиот човек на денешницата успеа да ја претрча трката на 200 метри под 20 секунди. Јамајканскиот спринтер на трката во рамките на „Дијамантската лига" во Осло, патеката ја истрча за 19,79 секунди и постави нов рекорд на турнирот.
Усеин Болт не е најбрз човек на светот, барем според резултатите во 2013-та година. 17-годишниот Јапонец, Јошихиде Кирју е најмлад спринтер на планетата кој го израмни јуниорскиот светски рекорд.
Американката Лоло Џонс толку очајно посакува да освои медал од Олимписки игри, што откако минатата година не успеа на спринтерските трки во Лондон, се преориентираше на боб санка и ќе се обиде да дојде до медал на зимските ОИ во Сочи.
Двократниот олимписки шампион Мо Фарах кој минатата година во Лондон освои златни медали во трките на 5 илјади и 10 илјади метри, имаше краток разговор со водителка која очигледно нема појма на кого му прави интервју.
Шпанскиот атлетичар Иван Фернандез Анаја имаше шанса да ја искористи невнимателноста на олимпиецот Абел Мутаи, но сепак му дозволи на противникот да триумфира.
Американката Сузи Фејвор Хамилтон во својата кариера има три настапи на Олимписките игри, неколку рекорди, безброј медали, сопруг, 7-годишна ќерка, но и таен живот. Таа работи како скапа ескорт дама.
Се сеќавате на „најолимпискиот момент на Олимпијадата"? Епа Кинезите знаеле дека Лиу Ксијанг е повреден и имале однапред подготвено сценарио за целата ситуација.
16 август е посебен ден за Усеин Болт. На овој ден во 2008-та година на Олимписките игри во Пекинг тој го собори тогашниот светски рекорд, а по точно една година постави ново најдобро време на трката на 100 метри.
Американската штафета на трката на 4х100 метри го собори светскиот рекорд кој го имаа поставено атлетичарките од Источна Германија уште во 1985-та година. На 14-от натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа поставени и два нови олимписки рекорди.
Алисија Монтано ја истрча вчерашната квалификациска трка на 800 метри со цвет во косата. Не и е прв пат, односно така трча на секое натпреварување, а има и причина за тоа.