Американската штафета на трката на 4х100 метри го собори светскиот рекорд кој го имаа поставено атлетичарките од Источна Германија уште во 1985-та година. На 14-от натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон беа поставени и два нови олимписки рекорди.
Алисија Монтано ја истрча вчерашната квалификациска трка на 800 метри со цвет во косата. Не и е прв пат, односно така трча на секое натпреварување, а има и причина за тоа.
Јамајканецот Јоан Блејк го привлече вниманието на јавноста откако стана сериозна закана на спринтерските патеки за неговиот сонародник, Усеин Болт, но тој го привлече и вниманието на Меѓународниот олимписки комитет за часовникот со кој трча.
На 12-от ден од Олимписките игри во Лондон беа распределени медалите во 16 дисциплини, а четири од нив во атлетика и тоа три златни за Американците. Тие до сега само во атлетските дисциплини имаат освоено 16 медали.
Единствениот македонски олимпиец кој не потфрли и го даде својот максимум на Олимписките игри во Лондон, атлетичарот Кристиан Ефремов најавува уште подобри резултати и пласман помеѓу најдобрите 16 на следните Олимписки игри во Рио 2016.
На седмиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата единствена атлетичарка, Христина Ристеска која исто како и пливачите, не успеа да истрча ниту приближно на нејзиниот личен рекорд.
Ивана Шпановиќ која важи за една од најубавите спортистки, но и најнадежна атлетичкарка во Србија, оствари разочарувачки резултати на последното Европско првенство, а српските медиуми причината ја најдоа во нејзините силикони.
Многу веројатна жртва на грчките мерки за штедење може да биде Олимписката репрезентација, откако Атлетската федерација објави дека ги прекинува сите натпреварувања заради немање пари.
Атлетичарите и натаму успеваат да постигнуваат сé подобри резултати не само заради усовршување на тренинзите и исхраната туку и затоа што телата им се менуваат. Стануваат повисоки и послаби.