На 31. мај 2008, најбрзиот човек на денешницата, Усеин Болт го постави тогашниот светски рекорд на 100 метри со истрчани 9.74 секунди, подобрувајќи го времето на неговиот сонародник Асафа Пауел за две стотинки.
Следеа Олимписките игри во Пекинг, а финалето на трката на 100 метри беше закажан за 16. август. Болт истрча неверојатни 80 метри по што веќе почна да слави. По трката се појави информацијата дека дури и врвката од едната патика му била одврзана. Трката ја заврши со време за нов светски рекорд од 9.69 или поточно 9.683 секунди.
Професорите од Универзитетот во Осло ја анализираа трката и објавија дека доколку Болт не успореше тој можел да истрча и за време 9.51 секунда.
Следната година Берлин беше домаќин на Светското атлетско првенство, а финалето на 100 метри беше закажано повторно за 16. август. Болт истрча уште една фантастична трка и повторно го собори својот рекорд. Овој пат тој истрча за 9.572 секунди и го постави новиот рекорд на 100 метри со 9.58 секунди.
Новиот рекорд е за дури 11 стотинки подобар од претходниот што претставува најголема разлика при соборување на светски рекорд на 100 метри откако времето се мери електронски.