Инфинит Такер славеше на трката на 400-метри со пречки. Тоа се случи на турнирот SEC Outdoor Track & Field Championships во американскиот Фејетвил.
Такер беше лидер од почеток на трката, но во финишот го стигна другиот Американец, Роберт Грант со кого тренираат во ист тим. Кога Такер примети дека би можел да го изгуби првото место, скокна со сета сила преку линијата која ја означува целта.
После трката, Такер се пошегувал дека на целта ја видел мајка му и скокнал да ја гушне.
На Твитер страницата Barstool Sports, видеото со финишот на Такер го прегледале повеќе од 1,9 милиони пати. Во популарното шоу Топ10 моменти на денот на ESPN, Такер убедливо го освоил првото место.
Второпласираниот Роберт Грант, атлетичарот кој истрча одлична трка рекол дека не е баш најсреќен од тоа што го направил Такер: „Ако кажам во микрофон с што мислам за таа ситуација, тренерот ќе ме исфрли од групата“.
Инаку Такер не направил ништо надвор од правилата. Сè е по пропис и тој има чиста победа.
Такер (49,38 секунди) го истрча неговиот најдобар деветти резултат во 2019 година. Лидерот сезонава Абдерахман Самба од Катар е две секунди побрз на 400 метри со пречк (47,51).