Таг: Америка

Судија, па ова исто ко судар со камион

Илиониос - Мичиген, меч од Универзитетската лига на Америка. Главен јунак Кофи Кокбурн со 19 поени, 10 скока и 1 нокаут.

Син му на Холифилд дебитираше во профи бокс со нокаут победа за 16 секунди

На 3 ноември во Лас Вегас настапи 22-годишниот Еван Холифилд, син на легендарниот светски шампион во две тешки категории, Ивандер Холифилд. Ова беше деби за Еван меѓу професионалците, а од него се очекува многу.

Со еден гол да влезеш во историја на американскиот хокеј

Андреј Свечников има 19 години и игра за Каролина Хурикејнс. Во ситуација кога Овечкин брка историја за најдобар стрелец во историјата на НХЛ, младиот Свечников на мечот против Калгари (2:1) постигна лакрос-гол, погодок од зад голот, нешто што се видело на Светски првенства во хокеј но не и во НХЛ.

Најлошиот резултат на САД во историјата, со група граѓани на терен

Американската репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското 2019. По Французите, скалпот им го зема и Србија која претпладнево беше подобра со 94:89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21). Кемба, Мидлтон и другарите ќе завршат 7-ми или 8-ми.

Господин Грег Поповиќ

„Воопшто не е важно кои дечки не дошле, важни се момците кои се тука, кои жртвуваа цело лето за да бидат овде. Непочит е и кон Франција да зборуваме за тоа кој не дошол. Важни се овие 12 кои дојдоа“.

А ќе речеш Америка, бејзбол, хот-дог, пристојна публика

За време на мечот меѓу Чикаго Вајт Сокс и Минесота Твинс во американската МЛБ лига, изби општа тепачка па мораше да реагира полиција.

Австралија ја победи Америка после 55 години

Кошаркарите на САД го доживеаа првиот пораз од 2006 година. Во вториот пријателски меч, одигран во Мелбурн пред 52.079 гледачи, Австралија славеше 98:94.

Расел Кроу платил 1.500 долари да ја гледа Австралија - Америка ама ништо не видел

Една од најголемите филмски икони, Расел Кроу вчера бил присутен на спектакуларниот меч во Мелбурн кој го следеа повеќе од 51.000 гледачи, платил карта од 1.500 долари ама...

Америка и Австралија играа кошарка пред 51.000 гледачи, Мичел со порака на патиките

Кошаркарската селекција на Америка, во пријателска средба пред стартот на Светското првенство, ја совлада Австралија пред 51.218 гледачи во Мелбурн. Мечот го одбележаа неколку интересни моменти.

Како е тоа Доналд Трамп крив што Америка нема да има дрим-тим на Светско

На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.

Па, добро, сака ли некој да игра за Америка на Светско?

Средата беше уште еден ден кога се појави уште еден твит за уште еден отказ од суперѕвезда во Тимот САД за Мундијалот во Кина за повеќе од еден месец. Како тргнале работиве, големиот Поп ќе мора да крпи со постоечкиот кадар.

Со каков состав ќе отпатува Америка на Светското?

Легендарниот Грег Поповиќ кој неодамна стана селектор на Америка, остана и без новиот кошаркар на ЛА Лејкерс Ентони Дејвис за Мундијалот, така што САД ќе бидат без уште една супер ѕвезда.

Нов блесав гол со ножички на Ибрахимовиќ

Неговиот ЛА Галакси изгуби дома 1-2 од Њу Ингланд, но голот кој во 84’ минута го даде Златан за домашните ќе биде прогласен за најубав во Америка а и пошироко.

Во САД првпат се играше прволигашки фудбал на -7 степени

Во саботата на 2 март стартуваше регуларниот дел од сезоната во МЛС - најдобрата американска фудбалска лига. Фокусот го привлече мечот во Денвер, меѓу Рапидс и Портланд Тимберс.

Црномурниот јунак кој постави рекорд и освои злато пред очите на Хитлер

Филмот Molly’s Game (2017) во кој има интересен дијалог за атлетичарот Џеси Овенс ја инспирираше светската јавност да се потсети на легендарниот Американец кој во многу опасно време станал главен херој на берлинската Олимпијада во 1936 година.

Скандалот на Adidas со бели патики за време на Месецот на црнечката култура

Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.

Какво време дојде - американски фудбалери наголемо се селат во Бундеслига

Чудесниот талент Кристијан Пулишиќ кој игра за репрезентацијата на САД и неодамна потпиша договор со Челси (ќе оди на лето), го потегна бранот на кој еден куп млади таленти од Америка доаѓаат на усовршување во Германија.

Тајгер Вудс се врати од пеколот и победи првпат после 5 години

Најпознатиот голфист на светот и првиот спортист-милијардер се врати на теренот после разводот, апсењето и депресијата и покажа дека уште е оној стариот.

Бора од Бајина Башта кој однесе 5 репрезентации на 5 Светски првенства

Рекордерот Велибор Милутиновиќ е човек за кого може и треба да се сними филм. Останат без татко и мајка на млади години тргнува на пат околу светот и фудбалските тајни ги раскажува во пет различни земји со кои оди на Мундијали.

Пакистанецот кој дошол во Америка со 500 долари сега го купува Вембли

Човекот кој во целост го остварил американскиот сон, во ’60-те години дошол во САД со последните пари што ги имал, а денес ги поседува Фулам и Џексонвил Јагуар во НФЛ. Ама го сака и Вембли.

Тенисерот кој се дружел со Мандела, освоил Вимблдон и умрел од СИДА

Во време кога Афро-американците не смееле да одат на јавни места, им било забранувано да посетуваат кина, театри, ресторани, еден млад човек решил преку талентот за тенис да се избори со расната нетрпеливост.

Серијалот за Јуве од Нетфликс е одличен маркетиншки потег

Јувентус е италијански бренд кој тргна „по патот на свилата“. Гигантот Нетфликс направи серијал за фудбалскиот хегемон којшто го допре плафонот во Италија и сега се шири на другите големи континенти каде ја запознава публиката со својата големина.

Поп за претседател на Америка

Почна од зафрканција, со печатени маици и капи Pop for President, но тренерот на Сан Антонио од изјава во изјава покажува зошто е голем. Последно што кажа е дека „САД мора на големо да го одбележуваат Месецот на историјата на црните луѓе зошто Америка и натаму е расистичка земја“.

Пораката на навивачите на Селтик до Доналд Трамп

По најавата на американскиот претседател дека ќе ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим кој ќе го прогласи за израелска престолнина, се запали Блискиот Исток а реагираа и навивачите на Селтик.