Тајгер Вудс се врати од пеколот и победи првпат после 5 години

Најпознатиот голфист на светот и првиот спортист-милијардер се врати на теренот после разводот, апсењето и депресијата и покажа дека уште е оној стариот.

Синоќа Американецот го освои првиот официјален турнир уште од август 2013 година - тогаш славеше во Акрон, а сега во Атланта. Овој триумф е јубилеен 80. на PGA Tour (елитната серија во професионалниот голф). Пред него по бројот на трофеи е само Сем Снид кој има пар пехари повеќе.

„Не ми се верува дека успеав. Среќен бев секоја секунда во играта. Пред последниот удар тешко беше да не се расплакам.

 

„Кога победив последниот пат беше многу подруго. Дури и гледачите реагираа сега поинаку - тогаш аплаудираа, а сега викаа. Културата на аплаузите ја снема. Тешко е да аплаудираш кога во една рака држиш смартфон, се насмеал Тајгер Вудс и додал: Сега мислам за 82 победи (рекордот на Снид). Имам среќа што не се занимавам со контактен спорт. На мои 42 уште и со таква кичма - тоа е многу“.

Победата на Тајгер ги разбудила САД: Tour Championship во Атланта не е најпрестижен турнир, „мејџорите“ значат многу повеќе но ова е важен епилог кој го изненади секој“.

Вудс е синоним за овој спорт. Легенда на ’90-те години кој за жал пред крајот на 2000-те западна во големи неволји.

Поради богатството и славата Тајгер целосно го разрушил семејството. Признал за десетина измами (во САД се зборувало дека имал 120 љубовници низ цел свет) и се скарал со Елен Нордегрен која му родила син и ќерка. Бракот некако опстоил 6 години но на крајот завршиле на суд каде Елен добила 100 милиони долари од неговото богатство и правата на децата.

Вудс привремено ја прекина кариерата и отишол на клиника да се лекува од сексологизам.

Телото на Тајгер попуштило под напорите и за три години (од 2014 до 2017) ’рбетот му го оперирале дури четири пати поради што долго време се борел со последиците. Болките во грбот ги смирувал со тешки лекарства а едно време станал зависен од нив поради што го изгубил сонот и му се развила депресија.

Парадоксално, клучна улога во неговото спасување одиграле полицајци во Мајаи кои го забележале како дреме над воланот од својот „Мерцедес“ на сред пат, го привеле поради тоа што бил во алкохолизирана состојба и го пратиле на интензивно одделение.

На спортот му се вратил минатиот декември а во пролетта 2018 заиграл во добра форма. Вудс веќе е на пат за Париз каде ќе стартува Рајдер Купот каде Тајгер ќе игра за репрезентацијата на САД.

На голема врата му се врати на голфот и неговите симпатизери очекуваат одново да биде непобедлив.