Таг: Америка

Легендарниот голман со нервни тикови кој стигна до Манчестер Јунајтед

На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.

Американската "слобода" погледната од надвор

Како што објаснува Џим Џефрис: "Во Амстердам можеш да пушиш марихауна додека имаш секс со проститука пред полицацец... и стварно мислите дека сте во конкуренција со Холандија?" Објаснува и друго.

Американскиот спорт спасува луѓе после ураганот

Досега бројката на загинати е 35 луѓе и преку 100.000 загрозени кои останале без струја, без вода или без покрив над глава. Америка е солидарна со настраданите а помагаат и најпознатите спортисти во земјата.

Фејсбук ќе дава Лига на шампиони

Откако во текот на финалето Реал Мадрид - Јуве 34 милиони корисници направиле 100 милиони интеракции на Фејсбук, овој гигант меѓу социјалните мрежи реши да ги „заврати ракавите“ и да се фати за работа.

Нулта толеранција на бејзбол во Америка

Напаѓачот Хантер Стрикланд добил суспензија од шест меча од клубот Сан Франциско Џајнтс, а тој што беше нападнат, Брајс Харпер добил четири меча од својата франшиза Нејшналс.

Какво било секојдневието на телохранителот на Пеле во ’70-те

Во период кога Пеле бил попопуларен од Мухамед Али во САД, обожавателите не му давале мир и влегувале на терен да земат автограм од него и да се сликаат со Бразилецот. За неговата безбедност тогаш се грижел 160 сантиметри високиот Кубанец Педро Гарај.

Како Американците шутираа пенали во ’90-те

Во ’94-та Американците го организираа фантастичниот Мундијал, но европската варијанта на фудбал уште им беше недоволно позната. Во ’96-та стартуваше првата сезона на МЛС, а една од опциите за анимирање публика беше и изведувањето пенали. Шутерот тргнуваше на 35 метри од голот и имаше пет секунди да шутира. Ваквиот глупав начин на шутирање пенали беше укинат во 1999-та година.

Руни, време ли е за МЛС?

Од натпревар во натпревар капитенот на англиската фудбалска репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни покажува драстичен пад на формата. Ако продолжи вака, нема да чуди ако за брзо време трча по топката со Џерард и Лампард во аматерската лига на САД.

Кроткиот Вавринка од три Гренд Слема цица

Швајцарецот со чешко потекло, Станислас Вавринка е жив доказ како талентот не може ништо без страшно напорна работа. „Само ако вежбаш милион години, ќе успееш“, вели Стен кој почна да му го зема скалпот на Ѓоковиќ во финалињата.

Србите им ја сокрија топката на Американците

Иако селекцијата на Србија имаше очаен старт на дуелот со САД и за 7 минути губеше 23:5, сепак избраниците на Александар Џорџевиќ ја стегнаа играта и загубија само три разлика од големиот фаворит. Ова е нивната најубава акција на мечот.

Кога деца на точак пренесувале дрога низ Америка

Во 1908 Луис Хајн (Lewis Hine), ангажиран од Националниот комитет за детски труд, почнал да ги фотографира децата-курири на велосипеди, кои пренесувале пораки и предмети до фирми, бордели и продавници. Целта била да се обелодени нивната експлоатација, како и да се види во каква средина растат.

Како Американците коментираат сокер

Не дека во Европа сме нешто поарни со статистичкиве дрвења, ама во САД се дефинитивно оптеретени со тоа. О-п-т-е-р-е-т-е-н-и.

Кога ќе одбереш погрешен спорт

Инцидентот се случил на мечот меѓу женските екипи на Паинкрест и Паин Форест во САД. Домаќинките водат 4:1 кога пред крајот на мечот Рејли Барет имаше шанса за петти гол, но линискиот судија сигнализираше офсајд. Во тој момент гостинската голманка Кејси Стурц се залета како да игра рагби.

Што сè има по американските сали?

Тотално неразбирлив за нас Европјаните, односот на американската кошаркарска публика подразбира тролање на противникот со најразлични методи, а тоа што се случува во НБА салите го нема никаде.

Кои се и каде се најголемите светски стадиони

Во разговор или на некој квиз, многу луѓе би кажале дека најголем стадион на светот е насекаде познатата Маракана во Бразил, но не е така иако овој стадион го држи светскиот рекорд по посета на еден натпревар.

Клинт Демпси прашува кој е Клинт Демпси?

Амбициите на САД повторно да организира некое големо фудбалско натпреварување, сериозно се нарушени по анкетата спроведена од Клинт Демпси, капитенот на фудбалската селекција на оваа земја. Анкетата имаше едно прашање - кој е Клинт Демпси?

Зошто Америка е банана држава?

Прво, на сите мама-си-тракале читатели веќе им е јасно дека една ваква вест мора да е спин и ништо друго. Еве потврдуваме. Но, клучното прашање останува секогаш исто: Ви се чита?

Ни Букер нема да биде она што беше

Вчера (16.09) се појави вест дека отсега за престижната Букерова награда за литература ќе можат да конкурираат и американски автори. Некои, главно Британци, се скандализирани. Други, главно Американци, се живи среќни.