Најпознатата социјална мрежа потпиша договор со гигантот Fox Sports за да ги стримува (пренесува) натпреварите од Лига на шампиони од септември.
Дуелите од ЛШ кои ќе може да се гледаат и на Фејсбук во прекуокеанските земји ќе бидат пренесувани на англиски и шпански јазик на Фејсбук страните Fox Deportes и Fox Sports.
Иако правата за емитување на Лига на шампиони се обезбедени само за територија на Америка, корисниците од другите земји неретко наоѓаат „алатки и инструменти“ со кои си овозможуваат да гледаат и заклучена програма.
Фејсбук се решил да стане медиска куќа откако за време на финалето Реал Мадрид - Јувентус околу 34 милиони корисници на Фејсбук направиле 100 милиони инетеракции на оваа тема (зборувале, лајкале, шерувале, коментирале, постирале).
Договорот подразбира два меча од вечер од групната фаза, потоа четири средби од осминафиналето и четири од четвртфиналето. Некои средби ексклузивно ќе ги стрима само Фејсбук, додека другите натпревари ќе бидат пренесувани како и досега на каналите кои за тоа откупија права, како во Европа, така и во САД и другите делови од светот.