Еван тренира во салата Heavyweight Factory, во која тренира и поранешниот светски шампион Шенон Бригс. Тренер и менаџер на младиот Еван е Морис Воткинс, а за неговата физичка подготовка се грижи Тим Холмарк кој на времето работел со Ивандер.
Еван Холифилд претходно настапувал во аматерски бокс и го освоил турнирот „Златни ракавици“ во Џорџија. Тој има повеќе од 80 аматерски борби но уште не стигнал до репрезентацијата на САД. Во меѓувреме стигнал и да напише книга: „12 рунди победи за младите“.
Професионалната кариера син му на Холифилд ја почнал со договор со промотерската компанија Main Events, со која после бронзениот медал на Олимпијадата 1984 година во професионален бокс стартувал и славниот татко.
На дебито Еван Холифилд го разнел Ник Винстед за само 16 секунди од првата рунда.
Evander Holyfield's son, Evan, just made his pro boxing debut and crushed his opponent 😱
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 3, 2019
Looking like the real deal.
(via @DAZN_USA)pic.twitter.com/lhd7TqISeX
„Се занимавам со бокс 10 години. Дојде време да прејдам на следни ниво. Додека моите другари во школо одеа на фудбал и кошарка, јас одев во сала за бокс, секој ден. Сега е мое време“, рекол Еван Холифилд.
Тој ќе продолжи да настапува во профи боксот, но сонува да се појави на Олимписките игри 2020 година. Таму сака да освои златен медал, нешто што не му појде од рака на славниот му татко.