Сижето од телефонскиот разговор е: Бајден не може да го убеди украинскиот претседател дека Русија во секој момент ќе нападне, Зеленски не може да го убеди американскиот претседател дека работите не се толку црни како што тоа нему му изгледа.
Последниве 7 години, САД ја имаат накрцкано Украина со оружје и воена опрема од преку 2,4 милијарди долари а западниот извоз на оружје во оваа земја деновиве работи со полна пареа. Само уште треба некој да гине. А кога не си тоа ти, тогаш е лесна работа.
Првата година на Бајден на власт заврши како и што почна, со САД со сериозни кризи на повеќе фронтови. Пролетта 2021, проблемите на САД беа руски сили на границата со Украина, и кинески во близина на Тајван. На почетокот од 2022, Русија има уште повеќе сили на границата, Кина продолжува да маневрира околу Тајван, а во игра се врати и Иран.
Мало потсетување за тоа како Џо Бајден ја условуваше помошта од една милијарда долари за Украина со барање да го сменат јавниот обвинител. Инаку, Украина им е добро позната на Бајденовци, некои од нив таму на гурбет одеа.
По предлог на пратеничката група на Комунистичката партија одлучено е Советот на државната Дума на Русија да ја разгледа можноста за признавање на двете самопрогласени републики во рамките на Украина.
Отворањето на Зимските олимписки игри е на 4 февруари, односно следниот петок. Овој петок пак е крајниот рок до кој САД се обврзаа дека ќе и ги испратат на Русија безбедносните гаранции што ги договараа во Женева.
За време на мечот меѓу Украина и Србија во рамки од Европското првенство во футсал, Украинецот Ихор Корсун промаши нешто што физички е тешко изводливо да се утне.
Една година Европско, па следната Светско. Секој јануари е турбо за македонската ракометна репрезентација, која овој пат треба многу повеќе да се испоти за да се најде во друштво на светскиот ракометен крем. Патот до наредниот Мундијалот ќе биде тежок како никогаш до сега.
Американскиот претседател ноќеска одржа прес-конференција на која многумина се плашеа/надеваа дека ќе биде објавен почеток на војна со Русија. Наместо тоа Бајден лицитираше колку многу треба да страдаат Украинците за САД да преземе нешто.
Тоа што се случи во Казахстан се повеќе наликува на американско-турско-британско-израелски обид за државен удар драматично сопрен од нивните евроазиски противници, пишува Пепе Ескобар во Крејдл.
Убава вест стигна попладнево, нашиот најдобар голман Никола Митревски е негативен на последниот тест и ќе може да отпатува во Унгарија за да се приклучи на селекцијата. Најверојатно ќе биде спремен за вториот меч во групата против Црна Гора. Вечерва отвораме против стар познаник.
Само неколку репрезентации кои ќе играат на Европското првенство во Унгарија и Словачка немаат позитивни случаи во стручниот штаб или меѓу ракометарите. Македонија остана без најважната карика, голманот Никола Митревски и без уште четворица други кои беа позитивни.
Големите членки на ЕУ кои отворено се за санкционирање на Русија би сакале санкциите против Русија да не бидат нешто посебно тешки, затоа што природен гас не се произведува од анкети на јавно мислење и ПиАр соопштенија.