Можете да замислите ситуација во која наши лингвисти, преку профил на Речникот на македонскиот јазик, на социјални мрежи ги корегираат политичарите низ поучни но и комични постови? Ни ние. Ама некои други лингвисти го искористија моментот за да поделат по некоја лекција.
Американскиот претседател одлучи да стави крај на тајната програма на ЦИА за вооружување и обука на сириски бунтовници кои се борат против владата на Башар ал Асад. На ова претходеа неколку најави од Тилерсон и американските медиуми дека САД ќе остават Русија да решава за судбината на сирискиот претседател.
Најцитираната и најпродаваната книга „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од г. Доналд Џ. Трамп, новоизбраниот претседател на САД, книгата што се чита во еден здив, можете да ја најдете ексклузивно и единствено на македонски јазик во издание на издавачката куќа АРС СТУДИО.
Трамп и претходно се жалеше дека неговата кампања некоректно била мета на истрага околу наводна вмешаност на Русите во американските избори 2016. Сега откако истрагата против Трамп не успеа, тој ја впрегна сопствената администрација да открие чија нарачка била истрагата.
АРС СТУДИО и во текот на вчерашниот ден со одлична програма. Во Промотивниот центар на Скопскиот саем во хала 2 се одржа промоцијата на најновиот наслов на претседателот на САД, Доналд Џ. Трамп, кој предизвика голем интерес во светот со своите конкретни планови и идеи за САД. Повторно величествена е една од најчитаните книги што се продава во милионски тиражи.
Парите опфаќаат само закуп на простор за рекламирање, а не е и цената за нивно снимање или создавање, и за периодот од 14 дена ова му доаѓа повеќе од половина милион долари на ден.
Пред три недели првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, започна со истрага како и зошто воопшто дошло до тоа Роберт Мулер да спроведе истрага против американскиот претседател. По пат на помош ги викна и ЦИА и ФБИ.
Ако идниот претседател на САД одлучи да затвори "свиркач" за тоа што зборел со новинар, или да ги натера ФБИ да шпионираат новинари, "имаме само еден човек на кој можеме да му заблагодариме за тоа што во наследство му оставил такви обемни моќи: Барак Обама," пишува Џејмс Рајзен во Њујорк тајмс.
Прво, ова не е порака од холандската влада. Второ, бисери како: „...изградивме цел океан меѓу нас и Мексико... никој не гради океани подобро од нас... и океанов е толку голем, што можеш да го видиш дури и од Месечината... и ги натеравме Мексиканците да платат за него“.
При посетата на Рим, ќерката на американскиот претседател седнала да вечера во ресторанот Le Cave di Sant’Ignazio каде здогледала слика од Кинаља и прашала кој е светецов? Келнерите се насмеале и ѝ раскажале за „Долгиот Џон“.
Како полесно да проаѓа во јавноста после патувањето во Европа. Или тоа, или, како што вика Филип Блок, конечно сфатија дека тоа е „една убава жена, мажена за претседателот, која е чест да ја облекуваш.“
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.
Телефонот се базира на верзија на Андроид изработена од посебна програма на американската војска, а уредот го произведува Боинг (да, Боинг со авионите).
14 години откако врз основа на лаги (алтернативни факти) ја втурна земјата во ирачката војна, Џорџ Дуплове Буш комплетно се ребрендира па денес се прикажува како голем сојузник на слободните медиуми.
Има одредена точка по која пародијата и карикатурата повеќе не се ефикасни методи за да насмееш човек. Моментално авторите на Саут парк така се чувствуваат околу американскиот претседател.
Емисијата на Џон Оливер трае 30 минути, 23:49 од овие 30 беа посветени на новиот американски претседател, што до некаде е разбирливо ако се им предвид дека му го собира уште од пред изборите бидејќи минатата сезона му заврши на 13-ти ноември, една недела пред изборите. Почна 4-та сезона.
Таман ќе помислиш дека дефинитивно е параноичен со неговите верглања дека големите медиуми се намерачени да го распнат по секоја цена и за која било тема, информативен тешкаш како Вашингтон пост ничим изазван излегува со текст со кој се критикува како човекот јаде.
Како на редовен консумент на вести, една австралиска новинарка мислела дека ѝ се познати сите ексцентричности и стилски лудории на актуелниот американски претседател. Се нашла во САД и решила да види како изгледа една негова прес-конференција. После тоа, не знаела од каде да почне.
„Кога го прашаа не знаеше што да каже, се тресеше како мало дете“, рече американскиот претседател за легендарниот Стив Кер, кој во неколку наврати се приклучи на одлуката на Вориорси да не ја посетат Белата куќа како шампиони во НБА (2017 и 2018).