На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.
Колку и да барате, сигурно нема да најдете помалерозни навивачи на Барселона од овие тројца. Се остреле да одат на Камп Ноу пред три месеци дури од Австралија и на крај останаа да дремат пред стадион.
Најјакиот у Козле во синглови доби конкуренција. Замислете извесен Петар се дрзнал на глупиот понеделнички меч од шпанско првенство да стави 1000че. Да не ви е јавена?
Меѓу илјадниците навивачи кои беа во исчекување дали ќе се игра натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас, имаше и двајца нашинци кои немаа среќа туристичкото разгледување на преубавата метропола да го крунисаат со фудбалски меч и да го видат Меси во живо.
Рајо Ваљекано славеше 0:1 на гостувањето против Лас Палмас со голот на Бебе во 91-ва минута. Голем дел од заслугите за триумфот одат кај Димитриевски кој на својот јубилеен 100-ти настап во Ла Лига одбрани пенал.
Во текот на секој натпревар сезонава, под дресот на својот Лас Палмас, Ганецот Боатенг ќе носи дрес посветен на младиот Нури чие оштетување на мозокот ја потресе Европа.
На само две минути од почетокот на второто полувреме од мечот меѓу Лас Палмас и Депортиво во Шпанија, се вклучија или подобро кажано некој ги вклучи прскалките на сред терен па судијата мораше да го прекинува мечот.
Во тензичната политичка ситуација во Каталонија, Барселона прво донесе одлука да го одложи мечот против Лас Палмас, па откако Фудбалската федерација на Шпанија им се закани со казни, се премисли. Мечот се одигра без публика, ама на терен сепак се појави публика или поточно падобранец кој е нејасно како се шверцал на стадион.
Листава е стварно супер и е шаренолика со убави и атрактивни голчишта, ама некако тој на Лас Палмас ни се двои, ем поради асистенцијата, ем поради завршницата.
21 годишниот Марко Асенсио беше тивок во последно време, исто како Реал Мадрид, ама кога ќе се појави меѓу стрелците голот мора да е посебен. Ова дете е иднината на Кралскиот клуб. Пазете го проектилов против Лас Палмас.
Лесно ќе се сложите со нас дека понеделник е глуп ден од повеќе аспекти, особено што од фудбал може да се гледаат Хадерсфилд и Лас Палмас, ама кој го врти денов. Ќе го искористиме да го најавиме уживањето кое престои. Во четврток сите на стадион.
Тоа што Меси сезонава во Ла Лига има 12, а Роналдо 1 гол не смее да биде причина Португалецот на водство од 3:0 против Лас Палмас да прави гримаси, како да е 0:3. Вака излегува дека опсесија му се головите, а не Реал да победува.
Само неколку часа по триумфот на Барселона против Лас Палмас од 3-0 пред празен стадион (празен од безбедносни причини поради нередите во Каталонија), и Реал го одигра својот меч против Еспањол. На „Сантијаго Бернабеу“ имаше илјадници шпански знамиња во знак на поддршка на унионистите.
Севиља е клуб кој му е во срцето на Серхио Рамос, бидејќи таму се калеше како дете и таму ја почна кариерата. Се врати после 18 години и на првиот меч кој го одигра против Лас Палмас е најзаслужен што победија 1:0. Погледнете го ова чудо од одбрана на свои 37 години. Супермен.
Да ја играш Лас Палмас - Селта сингл 7+ од нигде никаде (првиве 5 дадени гола на 8 меча, а вториве 13) и тоа во понеделник кога не можеш нормален тикет да составиш од што е тапа со утакмици, треба стварно да си махериште или голем среќко. Нашиов махер едноставно има њух за синглови и често нѝ праќа вакви тикети.
Шпанскиот репрезентативец Витоло (27) кој три пати ја освои Лига Европа со Севиља, решил да потпише со Атлетико Мадрид кој е суспендиран и не смее да купува играчи до јануари, но нашол дупки во правилата.
Во репрезентацијата на Шпанија настапи смена на генерација, па во последните шест месеци навивачите видоа многу лица. Еден фудбалер посебно „го купи“ селекторот Хулен Лопетеги кој го промовираше во нов лидер на Фуријата.
Кога на 18 години добиваш 5 милиони фунти годишно не знаеш што попрво да направиш со себе и мислиш дека можеш да го имаш целиот свет. Кога ќе се погледнеш во огледало еден ден ќе сфатиш дека си правел само глупак од себе и ништо друго.
На многу клубови во Ла Лига летово им претстои ремонт во играчкиот, но и во тренерскиот кадар. Главен кандидат за нов тренер на Барселона е Ернесто Валверде од Атлетик кој би можел да направи тотален домино ефект во цела лига.
Новата сезона е како бајка за шпанска Жирона. Тимот предводен од одличниот тренер Мичел го совлада и Виљареал со 2:1 во натпревар во кој создале 10 шанси за гол за 90 минути и имале 14 удари кон противничкиот гол.
Втората вечер од последното коло во Лига на шампиони донесе многу голови и драматични финиши. ПСЖ со ремито 1-1 кај Дортмунд успеа да го сочува второто место, а Милан со победа после пресврт на тешкото гостување во Њукасл успеа да обезбеди макар Лига Европа на пролет. Барселона поразена во Антверпен.
Денес од Селта Виго соопштија дека италијанскиот напаѓач Џузепе Роси ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе отсуствува 6-7 месеци од теренот. Веќе ни самиот не знае по кој пат ја доживува истата повреда.
Во третото коло од групната фаза во Лига на шампиони, Пари Сен Жермен беше убедлив против Милан, Селтик и Атлетико Мадрид одиграа реми со четири гола, Лацио загуби во Ротердам, а Сити ја оправда улогата во Берн.
Еден од ретките тренери со кој Пеп Гвардиола сака да седне да се напие вино и да дискутира за фудбалот цела ноќ. Пако Хемез е култен јунак на предградието на Мадрид, Ваљекано. Пола Шпанија сака еднаш да го види како селектор на репрезентацијата.
Шпанската фудбалска публика е необична по многу нешта, па и по она што на гостинските натпревари не гледа како што се гледа во другите лиги во Европа. Од оваа причина истекнала иницијатива да се ограничи цената на влезници за гостински навивачи на фудбалските стадиони.