Убава иницијатива за гостинска публика во шпанскиот фудбал

Шпанската фудбалска публика е необична по многу нешта, па и по она што на гостинските натпревари не гледа како што се гледа во другите лиги во Европа. Од оваа причина истекнала иницијатива да се ограничи цената на влезници за гостински навивачи на фудбалските стадиони.

Со цел да се популаризира културата на патување и гостински мечеви ширум Шпанија, повеќето клубови во шпанска Ла Лига, поточно 11 дале зелено светло и се согласиле со овој договор со кој би им се олеснило на гостинските навивачи да ги следат своите омилени клубови и на страна а не само дома.

Во Англија, Германија, Франција, Италија, Холандија, и другите европски земји, фудбалските гостувања се вистински мелем за многу навивачки групи, но во Шпанија не е така.

Затоа со цел да се разбуди таа гостинска публика се превземаат мерки, особено оној финансиски момент кој би бил олеснувачки фактор.

Планот на Ла Лига е картите за гостински навивачи на сите стадиони ширум Шпанија да се ограничи на 25 евра со што би можел секој што сака да си приушти влезница за блиски или подалечни гостувања. За сега овој план го поддржале безусловно: Бетис, Севиља, Реал Сосиедад, Кадиз, Мајорка, Атлетико Мадрид, Валенсија и Селта Виго, додека се уште неодлучни и неутрален став завземале Реал Мадрид и Виљареал. Време да подразмислат на темата побарале Барселона, Гранада и Лас Палмас, како и Алавес и Леванте кои се борат за пласман во елитата од следната сезона.

Таков став завземале и Рајо Ваљекано, Хетафе и Осасуна. 

Оваа идеја ја изнела организацијата "Aficiones unidas" („Обединети навивачи“) која се залага за подобри услови за навивачите.

Меѓу предлозите е и оној клубовите да можат да одберат еден меч во сезоната кој ќе биде исклучок од овој договор, односно кога управата сама ќе може да си одреди колку ќе ги наплаќа гостинските влезници.

Овие предлози добиле голем одјек меѓу шпанските навивачи и љубители на фудбалот, особено што цените за карти за натпревари растат од година во година драстично. На оваа тема најгласни се германските навивачи кои не можат да се помират што картите за гостински навивачи во Лига на шампиони се астрономски скапи, особено за оние кои треба притоа да подмират и патни трошоци и трошоци за сместување.

14 јуни 2023 - 15:42