И покрај тоа што си заминаа поразени, вардарци одиграа добар натпревар против фаворитот Кил, а најсветла точна на паркетот беше Анте Кудуз. Левиот хрватски бек гаѓаше беспрекорно во Германија и оствари фантастичен 100% учинок 9/9.
Тимот беше жив, армијата црвено-црна стоеше комплетно и безрезервно позади клубот, имавме екипа која беше на само чекор од најдобрите 4 во Европа. Емоцијата присутна насекаде, на секое столче во салата, во очите на сите присутни, кај Михајло, кај Вујо, кај сите нас...
За да не ги помешате, бидејќи се близнаци, овој пат проектили во Јане пукаше Оливие, кој го носи дресот со број 6, а брат му Кевин е 10-ка и со Мешков експлодираше со 8 од 8. Со залет, од место, со скок пук, без скок. Браќања се спектакл за гледање.
Цврсти на гол, борбени во одбрана, самоуверени и паметни во напад и пред сè мотивирани. Вардарци го имаат рецептот за нови радости во Лига на шампиони, а по Мешков Брест, му покажаа кој е газда во Јане Сандански и на Алборг. Уживајте во најинтересни моменти од триумфот над данскиот противник (30:28).
РК Вардар ја врати публиката и насмевките во сала, откако славеше убедлива и сигурна победа против Мешков Брест во Лига на шампиони. Францускиот ветеран Кевин Њокас ја запали вардаровата армија.
Вујо ги повика и им рече дека Вардар не е Вардар без нив, а тие дојдоа за да го вратат стариот сјај во сала и да им дадат поддршка на своите јунаци кои со 33:27 го совладаа Мешков Брест во ЛШ. Одма е по друго со навивачи.
Вардарци на 30 август пуштија во продажба сезонски карти по цени од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, но во време на пандемија која нè отече година и пол, изгледа тешко им оди, па апел со поддршка до навивачите побараа и преку омилениот тренер на Комити.
Еурофарм Пелистер ја сопре хегемонијата на Вардар 1961 и славеше во Суперкупот на Македонија со убедливи 31-22. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играше само еден тим. Битолскиот состав ја прекина серијата од три трофеи на „црвено-црните“ во Суперкупот.
Шпанскиот ракометен ас Едуардо Гурбиндо чија сопруга Елена е Македонка, од Олимписките Игри во Токио упати поздрав со фотографија од македонското знаме.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Да разбиеме малку од фудбал. На Јутјуб деновиве се појави видео во црно бела боја, но со одличен квалитет од ракометен натпревар одигран во време на Тито. Клубовите ни се многу добро познати, ама актерите не. Веројатно ќе се препознаат.
Се работи за мечот РК Вардар - Караш Северин од Романија одигран на 26 март 2011-та кој Црвено-црните го добија со 28:22. Шоуто на Комити стартува на улица со кортео и пиротехника, а продолжува со пеколно темпо во ракометниот храм. Многу јако навивачко издание.
Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.
Вардарци го совладаа Елверум со 35:32, а голот за издвојување е првиот во режија на Калараш - Чупиќ - Георгиевски. Првиов се фрли по топка како да бркаат гол за победа, а мечот само што почна.
Многу важна победа на Вардар кој сега може да ги избегне Веспрем или Барселона во нокаут фаза, но само доколку ЕХФ ги додели службено бодовите на контото на Црвено црните од дуелите со ПСЖ и Флензбург.
Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во Лига на шампиони, откако вечерва минимално загубија 34-33 на гостувањето кај Пик Сегед во Унгарија.
Македонскиот ракометен првак со пораз ја стартуваше Лигата на шампионите во 2021-ва, вкупно трет сезонава. Бадијала беа 15-те интервенции на Борко и 9-те гола на Дибиров. Вардар сам си пресуди.
Вардар им се врати на победите и ја совлада Војводина со 25:21 во меч од СЕХА лигата. Капитенот Стоилов уште неодморен од Мундијалот во Египет, се истакна со неговата препознатлива шрауба, секогаш атрактивна за око.
Ако треба да издвоиме само еден момент од богатата година со спортски успеси во македонскиот спорт, тоа дефинитивно е Ф4 во Келн каде Вардар се круниса со европска титула. Последните 7 секунди од финалето со моќниот ПСЖ се епски и незаборавни и едноставно гаѓаат во срце. Југо од радост посака да легне на паркет со ракометарите.
Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
За најдобар спортист на Македонија во годината што истекува е избран ракометарот Стоилов, а неговиот избор предизвика реакции кај претставниците на индивидуални спортови.
Европската куќа на ракометот стокми листа на 30 најдобри голови за 2017-та во Лига на шампиони. Не мора да трошите 5 минути за да ги изгледате сите 30. Мотајте на крај да се потсетите како Лука Циндриќ ја торпедираше Барселона и го однесе Вардар во историското прво финале.
Вардар е убедливо најконстантен клуб во Лигата на Шампионите, а одбраната е толку проклето добра да на 10 натпревари во ЛШ прими само 224 голови. Не треба да се грижиме за тоа што ќе биде утре, туку треба да им ја дадеме целата поддршка на момците да го направат тоа што никој друг до сега не го направил. Да ја извезат таа втора златна ѕвездичка на дресот.
За фудбалот вакви листи има на тони, но во ракометот многу малку се зборува за пари и тие се смешни во однос на фудбалот. Македонски ракометар нема во оваа конкуренција, но затоа има еден легендарен Вардарец и тоа два пати.
Каков ли да му се даде веќе епитет на овој човек, кој од шала на 38 години прави по 15-20 интервенции по натпревар. На Таки, кој чат пат нѝ пишува колумни му текна нешто доста интересно.