Оваа сцена од Last Waltz, апсолутно феноменалниот документарец на Мартин Скорсезе за концерното одјавување на The Band (веројатно најспремниот
рокенрол организам на сите времиња) е позната како гитарскиот дуел меѓу Ерик Клептон и Роби Робертсон (драгоцен музичар кој
почина деновиве на 80 годишна возраст). Само што не се работи за никаков дуел меѓу Ерик и Роби.