Седум години од денот кога Вардар првпат ја покори Европа

Со сигурност едно од најголемите спортски чуда во историјата на македонскиот спорт. Вардар на денешен ден пред 7 години стигна на големиот Фајнал Фор во Лига на шампиони, триумфираше во полуфинале и влезе во големото финале. Таму за ривал го имаа моќниот ПСЖ. На крајот црвено-црните победија со гол на Иван Чупиќ во последните секунди од мечот. Триумфот на големо се славеше во Скопје и други македонски градови. Прва европска титула за Вардар а потоа сензационално следуваше и друга.

Тогаш за Вардар настапија: Тимур Дибиров (6 гола, најефикасен на мечот), Лука Циндриќ (3 гола), Иван Чупиќ (3 гола), Данил Шишкарјев (3 гола), Вуко Борозан (3 гола), Алекс Душебајев (2 гола), Јоан Канељас (2 гола), Илија Абутовиќ (1 гол), Мијајло Марсениќ (1 гол), Стојанче Стоилов, Рожерио Мораеш, Хорхе Македа, Александар Деревен и Игор Карачиќ, Арпад Штербик и Страхиња Милиќ.

Кај ПСЖ најефикасен беше Никола Карабатиќ со 5 гола а по 4 дадоа Микел Хансен и Даниел Нарсис. По 3 погодоци запишаа Недим Ремили и Лук Абало а по два Уве Генсхајмер и Лука Степанчиќ. За ПСЖ играа уште и Тиери Омеје, Горазд Скоф, Хенрик Молгард, Беноа Конку, Хавиер Бараше, Лука Карабатиќ, Дилан Наји и Јеспер Нилсен.

 

4 јуни 2024 - 14:24