Во маслинеста јакна и црно капче, Шаламе наликува на понежна верзија од младиот Боб Дилан, на фотографиите од снимањето на новиот биографски филм за славниот музичар. Насловот е „Комплетно непознат“ (A Complete Unknown) и хронолошки е лоциран на почетокот од 1960-тите, моментот кога Дилан од „комлетно непознат“ станува рок ѕвезда.
Режисерот Џејмс Манголд вели дека ова сепак не е биографски филм бидејќи доловува само мал дел од животот на Боб, фокусирајќи се на самиот почеток на нешто што ќе стане долга, лукративна кариера, која ќе ја промени музичката историја.
„Најдобрите филмови за нечиј живот никогаш не се од колевка до гроб...тие се за специфичен момент“, изјавил режисерот. Во него 17-годишно момче со 16 долари во џебот со автостоп пристигнува во Њујорк, каде се среќава со истомисленици-музичари и почнува да свири на „тезги“.
Тој доаѓа во метрополата од Минесота за да го запознае Вуди Гатри, кој го има инспирирано да свири фолк музика. Гатри во тој момент умира од Хантингтонова болест, а Дилан е чест гостин крај неговиот кревет.
Џоан Баез ќе ја игра Моника Барбаро, Алан Ломакс (исто така фолк музичар) ќе го толкува Ник Оферман, Бојд Холбрук ќе се појави во улогата на Џони Кеш, а Едвард Нортон ќе биде пејачот и активист Пит Сегер.
Оо појавувањето на првите фотографии имаше коментари дека Тимоти воопшто не личи на Дилан, односно дека не изгледа доволно „грубо“. Јасно е дека играњето на жив музичар а особено таков чија естетска еволуција е толку добро документирана како онаа на Дилан е особен предизвик, а како ќе излезе на крај со него Шаламе допрва ќе видиме.