Беше тоа голем, огромен скандал проследен со масовно разочарување од неговите фанови кога Боб Дилан во далечната 1965 година, на фестивалот Њупорт реши акустичната гитара да ја замени со електрична. Ако тогаш прејде на акустика на електрика, денес, на 83 години преоѓа од електрика на механика (?). Оти па му е гајле на Големиот Везир дали некој повторно ќе биде разочаран од него.