Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.