Анатолиј Чубајс, поранешен вицепремиер на Русија, човекот кој го воведува Путин во политиката и се до почетокот на војната работи како негов советник, деновиве е хоспитализиран во „критична состојба“ на непозната локација.
Војната во Украина изминативе месеци и нема некои херојски битки гради во гради туку главно се троши артилериска муниција, а и така се гине, во ров, од проектил што, за разлика од војников, не си го чул или касно си го чул.
Западните санкции против Русија се најлошо осмислената и контрапродуктивна политика во модерната историја. Воената помош за Украина е оправдана, ама економската војна е неефикасна против режимот во Москва и уништува мети кои не беа планирани, пишува Сајмон Џенкинс во текстот за Гардијан.
Залихите на САД со ракети за ХИМАРС системите се неколку десетици илјади, меѓутоа проблемот е што Украина ги троши ракетите како сите овие да се за нив.
Зеленски објавил мапа на Украина од пред 2014 и освојувањето на Крим. Медведев со објаснување дека „претседателот на Украина бил на психотропни супстанции“ кога ја објавувал мапата, објави своја верзија на мапа за истиот регион базирана на информациите од „западните аналитичари“.
Украински граничар на белоруските колеги од дистанца има да им порача дека држи граната во рака и „Алаху Акбар“. Пред да се ескалира на реплики со Калашникови, Украинците си го прибраа колегата.
На сите тие експлозии, гинења, раселен народ, растурени семејства, кукања и давања „задолженија“ на западот, Зеленски реши дека е супер момент да се слика со жена му за - Вог.
Истиот проблем што Русите го имаат со руските медиуми, Западот го има со своите медиуми, барем за тие што се обидуваат да дознаат реално кој победува, а не кој Западот би сакал да губи.
Премиерот на германската сојузна држава Саксонија се одметна од официјалниот став на својата партија, ЦДУ, и побара замрзнување на конфликтот во Украина и почнување на мировни преговори со Русија.
„Сè оди по планот“. Ова е изјава на Владимир Путин. Војната во Украина е во својот петти месец и тоа што крајот не се гледа, може да е истоштувачко. Меѓутоа високи функционери на Кремљ продолжуваат да повторуваат дека Русија, која добива превласт на украинскиот исток, ќе ги постигне сите свои цели.
Второто излегување на Путин од Русија од 24 февруари е за учество на самитот во Иран, каде треба да се сретне со лидерите на Иран и Турција како дел од Астана мировниот процес за ставање крај на војната во Сирија.
Кога на Русија и се случуваат порази на фронтот во Украина тоа е затоа што од украинска страна се борат војници мутанти создадени во тајните украински биолошки лаборатории. Ете прашајте ги руските парламентарци.
Украинската армија моментално (со различен интензитет) треба да брани фронтовска линија со вкупна должина од 2.450 километри. Колку се 2.450 километри? Колку да возиш со кола од Барселона до Варшава и плус уште нешто.
Украински војник има шанса да го сними видеово од фронтот само затоа што Ајфонот што го носел се нашол на право место во елекот што го носи за време на борбите.
Во својата магистерска книга „Сталин“ историчарот Стивен Коткин ја најави својата намера да пишува „историја на светот од канцеларијата на Сталин“. Прифаќајќи ја оваа перспектива, деновиве кое е гледиштето од канцеларијата на рускиот претседател Владимир Путин? Посебно, ако Путин ја добие војната во Украина, тогаш што ќе направи следно?
На почетокот од војната во Украина аеродромот во Хостомел беше клучен столб на првичните планови на руската инвазија, како точка во близина на Киев од која Русите ќе можат логистички да го одржуваат освојувањето на укранинската престолнина. Видеото е монтажа од руската страна на борбите во кои падна Хостомел. Видео од повлекувањето од аеродромот се уште нема.
На херојството на украинските војници по својот габарит единствено му парира залуденоста на ставовите на официјален Киев кој упорно зборува дека Украина ќе се бори до неизбежна победа и дека ќе ги врати сите изгубени територии, вклучително и Крим.
Дел од Џавелин и НЛАВ американските и британски рачните ракетни фрлачи некако завршиле во Пасат караван со албански таблици, кој пак некако завршил џенем во некоја недојдија на украинскиот фронт.
За Путин фронтот со Западот е на ниво на светски поредок и според него со војната во Украина е започнат незапирливиот процес на „транзицијата од либерално-глобалистичкиот американски егоцентризам во вистински мултиполарен свет“.
Вол стрит журнал тврди дека дошле до руски војник кој возел еден од шлеперите паркирани пред пристаништето во Севастопол во кое на руски брод се товари украинско жито.
Заради загриженост околу финансиска стабилност (дали ќе ги врати парите или ќе изгорат) Европската комисија не и пушта 1,5 милијарди евра Украина, на која и требаат пари баш заради одржување на таа финансиска стабилност.
Војната во Украина моментално е во фаза кој има оружје со поголем домет и кој има повеќе муниција за тоа оружје, и оваа стратегија е крајно неселективна по кој било критериум, важно е само да се лупа. Жртвите, репортажите и поместувањата на фронтот покажуваат дека Русија доминира и по двете основи.