Путин прогласи пораз на Западот

За Путин фронтот со Западот е на ниво на светски поредок и според него со војната во Украина е започнат незапирливиот процес на „транзицијата од либерално-глобалистичкиот американски егоцентризам во вистински мултиполарен свет“.

На Западот требаше да му е јасно дека изгуби уште од почетокот на нашата специјална воена операција во Украина. Бидејќи нејзиниот почеток исто така значеше почеток на фундаментален распад на американскиот светски поредок.

Ова е почетокот на транзицијата од либерално-глобалистичкиот американски егоцентризам во вистински мултиполарен свет. Свет кој не се базира на себични правила измислени со единствена цел за ширење на хегемонијата, ниту на лицемерни двојни стандарди.

Туку свет базиран на меѓународно право и вистински суверенитет на народите и цивилизациите. Базиран на нивната желба да ја живеат својата историска судбина со своите вредности и традиции, и да изградат соработка врз основа на демократијата, правдата и рамноправноста.

Мора да разберете дека овој процес веќе е невозможно да се запре.