„Се кроеше долго време политика околу репрезентацијата и селекторот. Претседателот и некои луѓе сакаа да ја нарушат атмосферата повеќе од две години, но не успеаја и имам впечаток дека не се среќни што се пласиравме на ЕП“.
Ахмети рече дека е дојдено времето Албанец да биде премиер. Така и ДУИ лани сметаше дека е дојдено време нивен емисар да располага со буџет од 10 до 15 милиони евра годишно, колку што легнуваат на сметката на ФФМ по разни основи. Со тоа ДУИ покажа невидена дрскост кога јавно се фали со партиско освојување на власта во ФФМ, без страв од последици по македонскиот фудбал.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
По шест години работење, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија си поднесе оставка од претседателската фотеља на најмоќната спортска федерација кај нас. Следниот ангажман ќе му бил во УЕФА.
Праксата на новиот селектор Игор Ангелосвки да им дава шанса на младите фудбалери ќе продолжи и на пријателската против Белорусија која утре се игра од 18 часот во Скопје.
Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.
Неоспорен факт е дека и играчите сносат голем дел од вината, ама менаџментот на ФФМ со својата индијанска политика на селекција на фудбалери според мене е најголемиот кривец за овој шамар.
Голема трагедија за македонскиот спорт. Во сообраќајна несреќа синоќа загина спортскиот директор на македонската фудбалска федерација и поранешен репрезентативен голман, Петар Милошевски. Ова е неговото последно интервју во кое за MacedonianFootball.com говореше за македонскиот фудбал.
По две неуспешни кандидатури, Чедомир Јаневски е 11-от селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Тој ќе ја има тешката задача да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство во 2014-та и да го подобри угледот по мизерниот пласман на ФИФА ранг листата.
Раководството на ФФМ се промени, започна нова сезона во македонските лиги, а старите проблеми останаа, па дури и се зголемија. Македонскиот фудбал е медиумски најслабо покриен во цела Европа, а скоро сите медиуми своите извештаи ги пишуваат само на информации од livescore.
Фудбал во Македонија нема да се игра во следниот период. ФФМ по сугестија на МВР реши да ги одложи фудбалските натпревари од македонската Прва и Втора фудбалска лига на неодредено време додека не се создадат подобри услови.