„Да кажеш дека си играл на Маракана, тоа е исто како Монт Еверест, нема повеќе, тоа е“, ќе каже покоен Кирил Дојчиновски. „Не очекував дека ќе бидам стартер, но одеднаш ми го прочитаа името. Се наежив“, рече Методија Спасовски.
Црвена Звезда не е единствената спортска институација од надвор која му оддаде почит на Кирил Дојчиновски. Сочувство изразија и Џани Инфантино, како и Фудбалската Федерација на Ел Салвадор.
Животниот фудбалски пат на славниот Киро е убаво раскажан во емисијата „Патот до успехот“ на една недела пред стартот на СП 2018. Тој не е само прв Македонец кој заиграл на Мундијал, туку и прв заедно со Методија Спасовски кои стапнале на Маракана во Бразил. Фоторепортерите го имаат фатено заедно со Пеле.
На македонскиот репрезентативец му беа потребни само 15 минути да го отвори резултатот на гостувањето против Ференцварош во квалификациите за ЛШ. Знаеме дека е играч од среден ред, ама кога ќе влезе во шеснаесетник се однесува како Луис Суарез.
Слован Братислава одигра 1:1 против Сутјеска во првото квалификациско коло од Лига на шампионите. Гостите израмнија дури во 95-та минута и тоа на спектакуларен начин, со еврогол на Црногорецот Дамир Којашевиќ кој играше за Вардар во сезоната 2016/2017.
По 2.800 километри пат, Мајк Харис го заврши пет дневното европско патешествие. Ваков претседател на фудбалски клуб до сега сме немале во Скопје. Се качи на кола за да се слика пред стадион, а по пат се претвори и во хрватски навивач.
Македонскиот првак на денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го доби велшкиот претставник ТНС а во случај да го помине овој противник ќе игра против победникот од мечот Торпедо Кутаиси (Грузија) - Шериф (Молдавија) во второто коло.
За УЕФА нема зима. Фондот за ЛШ и ЛЕ изгледа како секоја година да им расте. Следната сезона ќе поделат дури 900 милиони евра повеќе од лани. Ќе тријат раце и четири македонски екипи, кои како и да изиграат летово ќе искешираат добра пара како за нив.
Бурата која се крена околу првичната цена од 3.000 денари за Вардар - Фенербахче а која денес ја корегираа на 300 денари, ги натера колекционерите на влезници да протарачкаат по својот архив и да видат колку давале низ годините.
Бидејќи Тв Нова 45 минути ја чекавме да се вклучи во пренос, а за малерот да биде поголем некои се пожалија дека еден кабловски оператор имал технички проблеми, па не гледале ниту второ, бујрум сите 5 гола од синоќешниот квалификациски натпревар меѓу Копенхаген - Вардар (4:1), на кој македонскиот шампион не успеа да се избори за историја.
Големото изненадување кое го приреди Вардар во квалификациите од ЛШ, не помина незабележано во странскиот печат. Еден од најпознатите светски портали специјализирани за фудбал направи штос токму од средбата во Скопје.
Во првиот меч од 3. квалификациско коло вечерва во Скопје, фудбалерите на Вардар го победија Копенхаген со 1-0 и со убава залиха ќе патуваат на реваншот во Данска за една недела.
За да видиме колку голема поддршка добива Вардар кога се бори да излезе во Европа, доволно е да се потсетиме на шоуто кое го приредуваа нивните најверни навивачи на последните квалификациски средби од ЛШ. Без Комитите, Вардар не е Вардар.
Голем дел од јужна Европа во последните неколку недели се соочува со екстремни температури а во тоа се увери и делегацијата на фудбалскиот клуб Копенхаген веднаш по слетувањето во Скопје.
Фудбалската приказна на Вардар започнала на 22. јули 1947 година кога во киното ’Вардар’ во Скопје се направила фузија од двата клуба Македонија и Победа и се родил Вардар.
Откако стадионот „Младост“ во Струмица ни крив ни должен се изнагледа европски фудбал летово, УЕФА реши од неколку причини да ја прифати молбата на Вардар да игра на Националната Арена.
А ќе го дознаеме некаде околу 21:15 вечерва кога би требало да заврши реваншот меѓу Копенхаген и Жилина. Словаците пред невозможна мисија, Данците поблизу до Вардар.
Во ситуација кога работат дигитроните и се пресметува колку ќе се наполни касата на Вардар по успешниот скок во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, малкумина размислуваат за евентуалните казни поради сериозните пропусти во организацијата на мечот во Струмица.
Во случај Вардарци да се радуваат после реваншот против Швеѓаните во Струмица во вторник, следен предизвик веројатно ќе им биде данскиот првак Копенхаген кој има високи 3-1 од гостувањето против словачка Жилина.
Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар ремизираа 1-1 во првиот меч од 2. квалификациско коло за Лига на шампионите. Одиграа момците на Седлоски смирено, трпеливо и во реваншот ќе имаат крајно позитивен резултат.
Управата на актуелниот шампион ја одреди цената за квалификацискиот дуел против шведски Малме и предизвика реакција од навивачите по социјалните мрежи.
Славното минато и богатата историја на Малме не треба и не смее да претставува страв за македонскиот првак. Тие го имаа Златан, ние Дарко. Малме има 19 домашни титули, Вардар 10. Бројките на страна, на Вардар му престои тежок испит против поранешниот финалист во Лига на шампиони.
Македонскиот шампион како неносител беше сместен во подгрупата 3 и поради тоа имаше скратен избор на противници. Добра околност е што реваншот ќе го игра во Скопје, така што евентуален добар резултат од првиот меч би значел и полн „Градски“.