Ремито 1:1 на домашен терен се покажа само како загревање за Динамо Загреб кој беше апсолутен фаворит во третото коло од ЛШ против Ференцварош. На реваншот го торпедираа со 0:4, а резултатот уште во 15-та минута на фантастичен начин го отвори Аријан Адеми.
Го гледаш во средина, ама кога ќе влезе и ќе ти избега во шеснаесетник исто како да си имаш работа со врвен голгетер. Погледнете го ова чувство за гол на прва со лева.
Коментаторите на Арена очигледно супер ги препознаваат нашите спортски квалитети, па некој месец откако она славно дуо го возвиши РК Вардар, имаме нови јаки коментари овој пат од Хрватот Ивица Блажичко за партијата на Адеми.
„Ве молам драги гледачи, знам дека нека е пракса ТВ коментаторите да даваат оценки, но станете и аплаудирајте му на овој човек. Одигра за чиста десетка и заслужи сите да му се поклониме“.
Она што го прави уште поголем јунак Адеми е што призна дека на загревање имал болки поради истегнување на мускулот.
И покрај тоа што еден од новинарите му вели дека дал брилијантен гол, Адеми скромно вели дека брилијантна била асистенцијата, па потоа се пошегува дека ете и тој му вратил со асистенција на Олмо при третиот гол.
Остануваат уште плејоф натпреварите од ЛШ по кои ќе следува ждрепка за групната фаза. Закажани се за 20/21 и 27/28 август, а се среќаваат.
Динамо Загреб - Розенборг
Клуж - Славија Прага
Јанг Бојс - Црвена Звезда
АПОЕЛ - Ајакс
ЛАСК - Клуб Бриж
Олимпијакос - Краснодар