Во јуни месец минатата година, срцата на македонските навивачи трепереа на дебитантското ЕП. 21-ви е посебен датум, бидејќи тоа беше крајот на репрезентативната кариера на една од нашите најголеми спортски икони. Замина со остварен сон. Пласман на Европско првенство.
Едни од најдобрите тројца кошаркари во НБА, Никола Јокиќ, двократниот МВП на најсилната лига, Јанис Адетокумбо и фантастичниот Лука Дончиќ би требало да се појават на претстојното Европско првенство кое ќе се игра од 1 до 19 септември годинава.
Во последниот натпревар за пласман на европска селекција на Светско првенство 2022, Велс на домашен терен во финалето на баражот ја совлада Украина со 1:0. Единствениот гол беше автогол на најдобриот украински фудбалер Андреј Јармоленко по слободен удар на Герет Бејл.
Фудбалската репрезентација на Украина долго го чекаше мечот против Шкотска. Поради воениот конфликт меѓу Украина и Русија, УЕФА го одложи бараж мечот со Шкотланѓаните а Украинците еден месец се спремаа во Словенија. И се испостави дека врвно се спремиле за мега дуелот на преполн Хемпден Парк.
Олександр Зинченко ја заврши најтешката сезона во кариерата и имаше наплив на емоции за време на прославата на шампионската титула, исто така веројатно најтешка откако игра фудбал.
Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко го презентираше дресот „Обединети за Украина“ на кој стојат знамињата на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Косово...
Руслан Малиновски од Аталанта е еден од оние фудбалски ликови кои работат на помирување, но и спасување на луѓе од хоророт кој му се случува во татковината. Му подаде рака на талент од Шахтјор кој блесна за тимот од Бергамо.
Многу навивачки групи периодов ја поддржаа Украина и ги осудија нападите на Путин. Некои им удрија контра со анти НАТО пароли за нападите во Србија. Бугариве па Трамп го бараат назад. Секој со своето.
Спортскиот директор на Шахтјор Доњецк покажа во каква состојба е стадионот на ФК Десна од Черинхив кој има, односно имаше капацитет да собере 12.000 гледачи, а е изграден во 1936-та. Ова беше дом и на женската фудбалската репрезентација на Украина.
13 кратниот украински првак ја продолжува турнејата за мир во Украина, а на синоќешниот меч му даде шанса на дете кое доживеа момент кој цел живот ќе го памети.
По бегството од Украина, каде не успеа да дебитира за новиот клуб, Ѓоко Зајков се вдоми набрзина во Славија Софија. Стоперот на Македонија во петокот даде деби гол, а сега и автогол во првиот Куп натпревар против ЦСКА Софија која славеше со 2:0.
Во сенка на големата ѕвезда Андриј Шевченко, Игор Беланов е малку подзаборавен лик и еден од тројцата Украинци кој успеа да го освои големото индивидуално признание.
„Имам ќерка и срцето ми се кине од помислата колку деца умираат на нејзина возраст и остануваат сирачиња. Веќе има повеќе од 140 убиени деца и ќе има повеќе ако некој не ја спречи оваа инвазија“.
Леонид Станиславски е бегалец од Украина. Тој од својот роден Харков морал да избега во Полска а таму макар малку успеала да го расположи најдобрата полска тенисерка Агњешка Радвањска.
Во натпревар од претпоследното коло во Евролига, последнопласираниот Жалгирис ја пречека белградска Црвена звезда и победи 103:98. Пред мечот домашните играчи држеа банер во боите на украинско знаме и натпис: „Стоп за војната“, а гостинските кошаркари одбија да учествуваат во тоа па цела сала свиреше.