Додека на програмата беа осум натпревари од Лига Европа и Конференциската лига, голема возбуда имаше и на хуманитарниот пријателски натпревар меѓу Шахтјор Доњецк и Лехија. Барем за едно дете бегалец.
При резултат 2:2, кој е крајно небитен, во игра влезе 12 годишниот Дмитро Кеда од Мариупол, град кој Русите го срамнија со земја.
И во овие гадни денови за неговиот детски живот, не само што почувствува радост да биде дел од фудбалски натпревар со професионалци, туку го оставија да го реши и да се израдува.
Инаку ова е втор хуманитарен натпревар на Шахтјор кој тргна во акција да собира пари за луѓето во својата земја. Првиот го одиграа против Олимпијакос, а потоа следуваат средби со Фенербахче и Хајдук.
Инаку Шахтјор викнале неколку играчи од Мариупол, а клубот не одржува тренинзи од 19 јануари.
„Секогаш сум горд на тимот. Последниот тренинг што го одработија беше на 19 јануари. Кога ги прашав дали се подготвени да играат во сабота, тие ми рекоа: „Даријо, ние сме Украинци, подготвени сме на се!
Вчера имаа само еден тренинг заедно и играа заедно за прв пат во животот. Земавме седум или осум играчи на позајмица од Мариупол.
Дмитро Мишњов, капитенот на Мариупол, повеќе нема своја куќа, автомобил и стан. Го доведовме овде да игра за нас, а денес тој е симбол на Мариупол. Навистина сме горди на тоа“ , изјави спортскиот директор на Шахтјор, Дарио Срна.
🧡🇺🇦 A 12-year-old boy from Mariupol has played for Shakhtar and netted a goal ⚒
— FC SHAKHTAR ENGLISH (@FCShakhtar_eng) April 14, 2022
Dmytro Keda came on as a substitute at the end of the charity match vs Lechia.#Shakhtar #Україна #Ukraine #StandWithUkraine pic.twitter.com/tKtWlt6I7a