Навивачите на Легија Варшава „го обесија“ Путин.
А навивачите на Олимпијакос кои се збратимени со оние на Црвена Ѕвезда, пред пријателска со Шахтјор потсетија на нападите на НАТО во Србија.
Инаку Шахтјор Доњецк со поддршка од украинската влада започна турнеја на мирот која опфаќа серија на хуманитарни натпревари, со цел да се соберат пари за војниците кои се борат против Русите.
На првиот загубија 1:0 од Олимијакос на гости, но резултатот беше во втор план.
Фудбалерите на Шахтјор носеа маички со името на еден од 10-те градови под опсада на Русија, а на седиштата на трибините беа поставени 176 играчки кои го симболизираа бројот на децата кои загинаа во војната.
🙏💔 In memory of the 176 children who were killed in Ukraine as a result of the war unleashed by Russia.
— FC SHAKHTAR ENGLISH (@FCShakhtar_eng) April 9, 2022
🏟 176 toys were placed in a special section at the Georgios Karaiskakis Stadium during the #Shakhtar v Olympiacos charity match.#StandWithUkraine #Україна #Ukraine pic.twitter.com/I2tSwBdkXL
Следните хуманитарни натпревари на 13 кратниот украински првак се против Легија Гдањск, Фенербахче и Хајдук.