Поранешна Златна топка застана во одбрана на Украина

Во сенка на големата ѕвезда Андриј Шевченко, Игор Беланов е малку подзаборавен лик и еден од тројцата Украинци кој успеа да го освои големото индивидуално признание. 

Беланов има 61 година и се повлече од фудбал во 1997-ма, а сега е влезен во ровови за да и помогне на својата земја во војната.

Смени седум клубови, а најголемиte успеси ги направи во дресот на Динамо Киев со кој во периодот 1985-1989 освои две титули во тогашниот Советски сојуз, три Купа, два Супер Купа како и Куп на Куповите на победниците.

Во финалето го совладаа Атлетико Мадрид со 3:0, а Беланов натпреварувањето го заврши како прв стрелец со 5 гола.

Доминацијата на Мишел Платини кој освои три Златни топки по ред, ја прекина токму Игор Беланов во 1986-та кој заедно со Шевченко и Олег Блокин се тројцата украински фудбалери со Златна топка.

Тајмс го избра во топ 100 играчи во историјата на Мундијалите, а со Советскиот сојуз има еден настап на Светско и еден на Европско.

7 април 2022 - 08:55